Само Каролина го може ова! Ја остави душата на сцена за нашите иселеници во Германија
- Детали
- понеделник, 25 ноември 2024
Како изгледаше подготовката на Каролина Гочева за концертот во Штутгарт, низ фотографии... Нашата гордост блесна во софистицирано издание во стајлинг од Јована Филиповиќ.
Каролина Гочева, турнејата која ја започна оваа година на 1-ви март со нејзиниот бенд, ја продолжи во Германија, со 6 концерти во 6 различни града, од кои првиот беше во саботата (23.11) во Штутгарт.
Вечерва (25.11) ќе настапи во Нирнберг, а потоа во Дизелдорф, Мајнц, Хамбург и Берлин.
„Благодарност до сите кои бевте и пеевте со нас во саботата во Штутгарт“, напиша Каролина на нејзиниот Фејсбук профил, каде објави и фотографии од концертот.
За нејзиниот изглед и овој пат се погрижи дизајнерката Јована Филиповиќ (Јована Зука), a за шминката и фризурата Елена Митев.
Во едноставен црн фустан таа изгледаше софистицирано и префинето.
Светска, а наша, зарем не?
С. С. | Црнобело / фото: Филип Зиков