Направи ајвар, возеше трактор, проба тавче-гравче: Германец живее кај нас како вистински Македонец
- Детали
- сабота, 23 ноември 2024
Финн повеќе од 2 години живее во Македонија, а чувствува неизмерна љубов кон неа и сака да ги присвои сите навики кои ги имаме ние Македонците. Не штеди на комплименти за вкусната храна и љубезниот народ.
Финн Ваттчов (23) е менаџер за маркетинг на социјалните медиуми, роден во Фрајбург на Брајсгау (Freiburg im Breisgau) во Германија, а на кој Македонија му е дом веќе две години.
Во интервју за CRNOBELO.com за нашата држава тој вели дека е најубавата земја што некогаш ја посетил и во која веднаш се почувствувал како дома. Дури си замислува како тука еден ден ќе изгради куќа и ќе основа семејство.
На својот Инстаграм профил тој постојано споделува видеа на кој пробува разни специјалитети од Македонија.
Погледнете дел од нив (кликнете на секое):
Финн проба тавче гравче првпат по две години живеење во Македонија.
Тој дури правеше и ајвар и одлично го долови целиот процес.
Финн не пие воопшто алкохол, па затоа ги поведе своите пријатели Германци на дегустирање македонски вина.
За првпат во животот возеше трактор во Македонија.
Со пријателите проба и бурек.
Ги однесе пријателите во кафеана во Скопје на шопска салата и тиквички.
И заклучокот на Финн е дека во Македонија живеат најљубезните луѓе.
Прочитајте и Финн, Германец кој живее во Скопје: „Евтин авионски лет ме доведе во Македонија - се заљубив во земјата и се преселив тука“
С. С. | Црнобело