Мајка од Охрид сама направи роденденски декорации за ќеркичката: „Потрошив 3 пати помалку пари, а ништо нема да фрлиме“
Иако вакви кутии може да се изработат и по нарачка, мене ми е особено задоволство кога ги правам сама.
Тортата ја наполнав со пакетчиња кои содржеа фигури од гипс за боење, темперна боја и четка, а истите ги изработи @kreativna.kutija.za.deca која можете да ја најдете на Инстаграм.
Секогаш сум за креативни пакетчиња наместо чоколади и лижавчиња.
Минатата година во пакетчињата имав ставено свирче, балон и роденденска честитка која децата сами требаше да обојат, да ја украсат со стикери и да ја подарат на некоја драга личност.
Хартиените цвеќиња се направени од салфета-хартија која ја купив во книжара.
Околу знаменцата, ги направив со помош на вујна ми која ми помогна околу лепењето со силикон на тенка сребрена врвца.
Хартиите во боја ги имав одамна, па решив вака да ги искористам.
Што значи не правев сѐ сама, имав доста помош од моите прекрасни блиски луѓе.
За изработките беа потребни 2 дена, а украсував утрото на роденденот додека ќерка ми беше во градинка. Не ми беше ништо тешко, уживав во самиот процес.
Сите украси ги правев додека ќерка ми беше во градинка или навечер додека спиеше, така што дента на нејзиниот роденден првпат ги виде кога се врати од градинка и многу се израдува, беше восхитена и цел ден ме гушкаше и ми викаше „прекрасно мама, фала ти”.
Сите декорации вклучително и тортата од хартија не ме коштаа повеќе од 2.500-3.000 денари со оглед на тоа дека доста од хартиите во боја веќе ги имав дома, а дел од балоните ни беа подарок.
Од многу мала возраст нешто изработувам, собирам дома секакви материјали и од нив правам секакви декорации. Тоа е моето „полнење батерии” и нешто во кое вистински уживам додека го правам.
Од пред 6 години на мојот Инстаграм профил почнав да објавувам сѐ што изработувам и тоа привлече огромно внимание кај моите следбеници, па среќна сум што сум инспирирала многу луѓе да си направат едноставни изработки од материјали кои ги имаат дома.
На еден начин така вршиме и рециклирање и реупотреба на материјалите и работите кои инаку би ги фрлиле.
Секогаш пред да фрлам нешто прво размислувам како би го искористила, па така подрумот ми е полн со секакви материјали кои „чекаат” да бидат трансформирани во нешто што ќе биде корисно или во некоја убава декорација“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
М. М. | Црнобело