Мајка од Охрид сама направи роденденски декорации за ќеркичката: „Потрошив 3 пати помалку пари, а ништо нема да фрлиме“
- Детали
- вторник, 19 ноември 2024
„Не сум тип кој ангажира студија за декорации, сакам да ја користам мојата креативност. Наместо фигури од фондан на тортата, направив топери што ми ги исекоа ласерски, а јас ги боев. За во градинка направив торта од хартија со креативни пакетчиња за децата наместо чоколади“ - раскажува за CRNOBELO.com Елена од Охрид.
Елена Алач (33) од Охрид е мајка на 4-годишна ќеркичка и слободното време ужива да го поминува во „направи сам“ проекти, креативни изработки, смислување интересни игри за своето дете.
Но, освен тоа, таа својата креативност ја користи и за роденденски декорации на ќеркичката, бидејќи како што вели, не сака да се препушти на готовите изработки од студија за декорирање.
За 4-иот роденден на ќерката, месецов таа објави дека направила многу рачно изработени украси, меѓу кои - торта од кутии и хартија во боја со украси, домашно зготвена торта со топери од дрво кои сама ги боела, пакетчиња за децата во градинка за развивање креативност наместо слатки и грицки.
Таа е доказ дека кога се сака се може и дека не мора да потрошите стотици евра за да имате роденденска декорација.
За CRNOBELO.com Елена открива детално како изгледал процесот на изработка, но и од каде идејата и талентот:
„Идејата за украсувањето ја добив пред 1 месец кога мене ми беше роденден и ќерка ми изреагира во стилот „ти имаш роденден, зошто не ти е украсено?”
И тогаш решив да го украсам нашиот дом за нејзиниот роденден и да ја изненадам, иако ми беше во план да има само неколку балони.
И таа исто како мене (и сите деца) се радува на мали работи и на украсување и сакав за роденденот да ѝ го пружам тоа задоволство.
Не сум тип кој ангажира студија за декорации, а и не ми се допаѓа баш концептот со позадини за сликање и слатки маси, па ја користам својата креативност и слободно време да направам нешто сама.
Од кога паметам за себе правам секакви рачни изработки и цртам, тоа многу ме исполнува.
Оваа година ќерка ми беше фасцинирана кога виде виножито на небото и првично сакаше торта со виножито, а потоа посака да има и еднорог.
Многу често гледам девојчиња на баш оваа возраст имаат таква тема за роденден, па можеби и до возраста е.
Повеќето од балоните ни беа подарок од тетка ѝ која живее во Виена, освен балонот со бројка и со еднорог кои ги нарачав од кај нас.
Тортата ми ја направи мајка ми, а оваа година се одлучив да направам топери наместо фигури од фондан, со тоа што ми ги исекоа ласерски, а јас само ги обоив со акрилни бои.
Дрвената кукличка која е на тортата ми ја изработија @monkdolls кои изработуваат прекрасни рачни изработки од дрво.
На ваков начин топерите и кукличката ќе си ги зачуваме за нас за спомен за разлика од декорациите од фондан, кои за жал завршуваат во ѓубре.
Тортата за во градинка ја направив од 2 округли кутии залепени една врз друга, а ја украсив со хамери во боја.
На долниот дел требаше да има еднорог испечатен на хартија, но принтот излезе многу лош и го нацртав сама.
Повеќе за изработката на вакви торти имам објавено reel од минатиот роденден на мојот Инстаграм профил: