Слаткар и Либеро бенд „растураат“ во Австралија - На Иван му лепат пари на чело, „Океани“ е нова химна на иселениците
- Детали
- вторник, 19 ноември 2024
Уште на првиот концерт во Австралија, момците од „Либеро бенд“ и Слаткар направија супер журка, која заврши со лепење пари на чело, а на Инстаграм тие споделија и моменти од нивното патување до Мелбурн и дружбите...
Марко Маринковиќ Слаткар и момците од „Либеро бенд“ пред една недела пристигнаа во Австралија, каде што ќе останат околу еден месец и ќе одржат неколку концерти за нашите иселеници.
Додека патуваа кон „земјата на кенгурите“, тие споделуваа фотки и видеа од својата авантура, Иван Јованов на Инстаграм Стори објави фотка со Слаткар и „се пофали“ како изгледаат по 19 часа патување, а сè уште не се пристигнати во Мелбурн.
Токму во Мелбурн, тие го одржаа првиот концерт од турнејата, во клубот Q Room.
Вечерта почна со настапот на Слаткар, кој пред да излезе на сцената се прекрсти, а потоа направи журка за паметење.
Најголемата реакција беше кога ја испеа песната „Океани“, а која е посветена токму на иселениците и животот во туѓина.
Забавата продолжи со настапот на момците од „Либеро бенд“, а достигна кулминација кога Иван Јованов се симна меѓу публиката и почна да пее, а понесени од атмосферата, гостите почнаа да му лепат пари на чело.
„Беше феноменално - сакаме пак“, пишува во коментарите на видеото што Слаткар го сподели на својот Инстаграм.
Следниот концерт на Слаткар и „Либеро бенд“ ќе биде во Сиднеј.
Погледнете го видеото и повеќе фотографии од нивниот досегашен престој во Австралија:
А. Ј. | Црнобело