Скопјани помогнаа семејство да го најде изгубениот папагал и уште 5 вести што нè израдуваа оваа недела

Македонки најавија акција во која ќе сплетат 250 капи, шалови, ракавици, елечиња за бездомни лица; кавадарчанка што изработува перики за онколошки пациенти, се стопи од благодарноста на една мајка... Кои позитивни вести ни ја направија оваа недела поубава?

skopjani-pomognaa-semejstvo-da-go-najde-izgubeniot-papagal-i-ushte-5-vesti-shto-ne-izraduvaa-ovaa-nedela-01.jpg

Политика, инфлација, загадување, напади и тепачки, сообраќајки...

Во времето на црни вести, убаво е кога ќе прочитаме нешто убаво, за помош меѓу луѓето, приказни кои го топлат срцето.

Ова се 5 позитивни вести од оваа недела, кои сигурно барем малку ќе ви го направат поубав денот и ќе ви ја вратат вербата во човечноста...

Македонка ѝ помогна на Александра Пилева да си го добие кучето

Поранешната пејачка Александра Пилева, денес Александра Чадиев, преку Фејсбук откри дека нејзиното куче Џули пристигнало од Македонија во Америка.

Задолжена за тоа била Мариа Дуда, жената позната по својата љубов кон животните, а која во кривопаланечко има ранч на кој згрижува животни и се грижи за нив.

skopjani-pomognaa-semejstvo-da-go-najde-izgubeniot-papagal-i-ushte-5-vesti-shto-ne-izraduvaa-ovaa-nedela-07.jpg

Марија безбедно го донела кученцето од кај нас во Њујорк, па Александра јавно ѝ се заблагодари.

„Џули пристигна во Њујорк, бескрајно сме среќни. Мариа, ти благодарам од срце што ни помогна и ни ја донесе Џули во САД.

Засекогаш ќе бидеме тука за тебе. Џули е преслатка, збунета и уморна од патот“, напиша таа.

skopjani-pomognaa-semejstvo-da-go-najde-izgubeniot-papagal-i-ushte-5-vesti-shto-ne-izraduvaa-ovaa-nedela-03.jpg

Скопјани помогна семејство да си го најде изгубениот папагал

Скопско семејство преку социјалните мрежи побара помош да си го најде изгубениот папагал, Поли, кој излетал од дома.

Папагалот го чувале 4 години и бил миленик на децата.

По скоро 24 часа, тие успеаја да го најдат папагалот, кој од Кисела Вода стигнал до Скопјанка, а во тоа им помогнале многу семејства и здруженија.

skopjani-pomognaa-semejstvo-da-go-najde-izgubeniot-papagal-i-ushte-5-vesti-shto-ne-izraduvaa-ovaa-nedela-09_copy.jpg

„Поли е пронајден. Благодарност до сите што споделуваа. Особена благодарност до семејството што го пронајде и му понуди љубов и топол покрив.

Благодарност до Анима мунди, што споделија информација од семејството кое го пронајде Поли, но и до сите што реагираа навремено и преку Фејсбук споделуваа дека Поли е најден“, пишува во пораката со благодарност.

skopjani-pomognaa-semejstvo-da-go-najde-izgubeniot-papagal-i-ushte-5-vesti-shto-ne-izraduvaa-ovaa-nedela-06.jpg

Жена што изработува перики, се стопи од благодарноста на една мајка

Сашка Кузманова од Кавадарци, која изработува перики за жени кои ја изгубиле косата, на својот Фејсбук објави порака од една тетка Мара, чија ќерка по долго време почнала пак да се смее, откако ставила перика.

Сашка сега го нашла рачно напишаното писмо од тетка Мара, кое ја трогнало во минатото и повторно го објави за да покаже дека постои човечност меѓу луѓето.

„Велат дека кога го правите она што го сакате - сте го поставиле каменот темелник на својот живот.

За животот, луѓето, човечноста честопати се зборува многу. Сепак, понекогаш се потребни само неколку зборови, некоја мисла да нè потсети и да ни каже што е вистински добро и значајно, токму тоа малку да ја разбуди малата искра во нас за да помогнеме некому.

Инспирирајте се денес и направете нешто добро во вашиот живот, помогнете некому и ставете насмевка на нечие лице.

Уште еден пост кој ме врати на назад, кој ме потсети на една убава личност со која што ден денес се слушаме. Оваа наша приказна прерасна во едно убаво пријателство“, напиша Сашка.

skopjani-pomognaa-semejstvo-da-go-najde-izgubeniot-papagal-i-ushte-5-vesti-shto-ne-izraduvaa-ovaa-nedela-04.jpg

Таа сподели и фотографија од писмото, во кое пишува:

„Драга Сашка, знам дека ќе се навредите, затоа овој скромен подарок ви го праќаме по пошта.

Мојата ќерка после толку години се насмевна, почна да се смее, полна е со позитивна енергија, почна да излегува и дружи, се враќа на истата што беше.

Повторно стана мојата Даниела, а за сето тоа сте заслужни вие, вашето дело и насмевка.

Ја заслужувате целата моја почит, девојче, ти ми го врати мирот дома. Ја врати ќерка ми.

Благодарам е мал збор. Се гледаме наскоро. Тетка Мара“ - пишува во писмото.

skopjani-pomognaa-semejstvo-da-go-najde-izgubeniot-papagal-i-ushte-5-vesti-shto-ne-izraduvaa-ovaa-nedela-12.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...
Миа Костова си ја „отвори“ душата за синот: „Мислев секогаш ќе ми биде тешко, а види нè денес“ „Некогаш тешко ми беше малку со тебе на колк и купување на акција, ама види нè д...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Денес е „Свети Кирил и Методиј“ – Среќен именден Кирил, Кире, Методија, Менде... На 24-ти мај православните христијани го слават празникот Свети Кирил и Методиј....
Денес се слави Свети Василиј Велики – Ден за имендени и карневали Честит именден Василиј, Васил, Васе, Василија... Денес е првиот ден од Новата го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg