Мелита Ракичевиќ: „Плукав крв, стресот беше огромен и по 18 години ѝ кажав збогум на телевизијата“

„Телевизијата ми беше втор дом, а едно од прашањата е ‘Зошто се повлеков од телевизијата?’ Од здравствени причини. Јас добив вирус којшто во тоа време беше нешто слично како короната...“, открива Мелита Ракичевиќ.

melita-rakichevikj-plukav-krv-stresot-beshe-ogromen-i-po-18-godini-i-kazhav-zbogum-na-televizijata-01.jpg

Мелита Ракичевиќ беше едно од нашите препознатливи ТВ лица, а нејзиното „Пет шоу“ каде ширеше љубов кон домашните миленици, една од нашите омилени ТВ емисии.

Но, по 18 години телевизиска кариера таа пред неколку години се повлече од ТВ екраните, а по нејзини стапки тргна нејзината ќерка Барбара Ракичевиќ.

Мелита веќе долго време не ја гледаме на малите екрани.

Но, во гостување во емисијата „Здраво Македонијо“ на Канал 5 телевизија, таа искрено откри зошто одлучила да стави крај на водителската кариера.

Мелита Ракичевиќ за крајот на нејзината телевизиска кариера вели:

„Телевизијата ми беше втор дом, а едно од прашањата е ‘Зошто се повлеков од телевизијата?’

Од здравствени причини. Јас добив вирус којшто во тоа време беше нешто слично како короната.

melita-rakichevikj-plukav-krv-stresot-beshe-ogromen-i-po-18-godini-i-kazhav-zbogum-na-televizijata-04.jpg

Господинот Докиќ беше човекот којшто ми го спаси животот и ми рече дека стрес и начин на живот под таков силен притисок веќе е невозможен, бидејќи буквално за три дена може да се случи сè, значи јас плукав крв.

Ниту во животот некогаш сум пушела, ниту сум имала некој здравствен проблем на ‘плуќата’, но тогаш тоа се случи, веројатно од континуиран и голем стрес...

melita-rakichevikj-plukav-krv-stresot-beshe-ogromen-i-po-18-godini-i-kazhav-zbogum-na-televizijata-09.jpg

Долги 18 години бев на медиуми, работев во живо, знаете како е, огромен притисок и едноставно морав да го смирам животот“.

Дел од гостувањето (кликнете на видеото):

Потсетете се на емисијата „Пет шоу“ со Мелита:

Повеќе фотографии од Мелита на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска за животот во Солун: „Многу луѓе ќе ти најдат мана зашто потајно го посакуваат ист... „Многу луѓе и на Малдиви ќе најдат мана, многу во Охрид ќе најдат мир. Мног...
Се слави Свети Архиѓакон Стефан  - Првата куќна слава по Божиќ Денес се слави првиот христов маченик, кој го дал животот и бил погубен со мачењ...
Некогаш и сега: Како изгледаат водителите на најпопуларните емисии од 2000-те кај нас? Ги паметите ли „99 action“, „Дај побрзај“, „Вртелешка“, „Кој сака да биде милион...
Елена Најдоски блесна на свадба, Кристина Димитри го покажа дечкото: Што прават македонските ѕвезди ... Сузана Гавазова во Истанбул доби награда за најдобра пејачка од Македонија, Крис...
Инфлуенсерката Софија Јанева на моминска забава во Будимпешта: „Ги имам најдобрите другарки на свето... Инфлуенсерката Софија Јанева на Инстаграм се пофали дека добила неверојатно изне...
Како странец ги опишува македонските градови и населени места во еден збор - Штип е „промаја“ Скопје може да се опише со придавката „антички“, а Охрид со придавката „волшебен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg