Бомбакис го запознавте како дечкото со картони, а сега е дечкото со хит видеа (слатко ќе ве насмее)
- Детали
- понеделник, 23 септември 2024
Многу од вас доаѓаат од генерација: „Ако престанеш да плачеш, ќе ти купам нешто“. Jaс сум од генерацијата: „Ако не престанеш да плачеш, ќе ти дадам причина да плачеш“. Така што не сме исти! - Гласи едно од хит видеата на Бомбакис.
Кристијан Станковски, во јавноста попознат како Бомбакис или дечкото со картони, се реализираше во улогата на сопруг и татко, а семејниот живот очигледно позитивно го инспирира затоа што тој почна со нов серијал на Инстаграм.
По неговото препознатливо позирање со написи на картон, сега снима забавни видеа на теми од секојдневието.
Со сопругата Вики и ќерката Бисера
Кратки и директно на поентата, неговите видеа се вистинскиот начин да се насмеете.
Од брачен живот до односи со (не)пријатели, Бомбакис се шегува на сите теми.