„Не сте инфлуенсери, невработени сте“ - Кој е Македонецот што со своите написи на картон стана вирален хит?

„Врчак врати се“, „Менталитетот нѐ е*е“, „Колку и да тресете, последната капка знаете кај иде“, се само дел од забавните написи на Инстаграм профилот @Bombakis, зад кој стои Кристијан Станковски.

ne-ste-influenseri-nevraboteni-ste-koj-e-makedonecot-koj-so-svoite-napisi-na-karton-stana-viralen-hit-01.jpg

Поинаков, уникатен и забавен... Кристијан Станковски за кусо време стана вирален хит со своите забавни написи на картон и на неговиот Инстаграм профил @Bombakis веќе има над 10.000 следбеници.

Од шеги на општествени теми до забавни комбинации со познатите како Тамара Тодевска, Игор Џамбазов, Миа Костова, фотките на Кристијан дефинитивно се освежување на социјалните мрежи.

Кристијан Станковски, вели дека сите го знаат како Бомба, има 29 години и живее и твори во населба Аеродром.

Тој за CRNOBELO.com открива како дошол на идејата за написите на картон:

„Работев во една фирма, но поради состојбата со вирусот останав без работа како и повеќето луѓе. Основав своја фирма која се занимава со организација на свадби и секаков вид на прослави која наскоро ќе ја промовирам на мојот Инстаграм профил.

Во меѓувреме имав доста слободно време и сакав некако да го исполнам. Инспириран од dudewithsign и bratsakartonom и со поддршка на еден мој другар од кого ми се неколку одлични идеи меѓу кои и првата, решив да направам еден картон кај што ќе пишува „Не сте инфлуенсери, невработени сте“ и ја ставив сликата на мојот профил и од таму тргна целата работа.

Идеите за пораките доаѓаат од секојдневните муабети или пак некои работи што сите ги знаеме ама не сакаме или се срамиме јавно да ги кажеме, него си се вртат во круг меѓу најблиските.

Луѓе како луѓе, повеќето ме поддржуваат но има и од оние кои пишуваат негативни работи колку и добро ти да правиш. Ама ако такви луѓе требаат и без нив не може да се успее. Затоа им посакувам сѐ најдобро на сите и имам порака дека здравјето е најважно, затоа луѓе мои чувајте си го здравјето.“

Дел од креативните дела на Кристијан:

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Ивона Јо за CRNOBELO: „Не сакав никој да знае дека сум во депресија, а многу сакав да ми помогнат“ „Ми беше сеедно за моето постоење и тоа беше најстрашното чувство што досега сум...
Марта Гусар, адвокат: „Не е неопходен развод за жртвите на семејно насилство да побараат заштита“ „Доколку жртвата на семејно насилство сака да поведе и постапка за заштита и бра...
Гените се чудо: Татко и син од Тетово се вљубеници во музиката, восхитија и на „Никогаш не е доцна“ Тони Тушев на 10-годишна возраст започнува да свири на гитара, а на 16-годишна в...
Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и... „Во САД најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg