„Слава на Бога што ве имам“ - Ребека емотивно им го честиташе 11-тиот роденден на синовите близнаци
- Детали
- четврток, 19 септември 2024
Од прошетки на дожд до заеднички патувања, како она во Нов Зеланд кај сестра ѝ Хелена Роза, Ребека сподели убави спомени од семејните албуми по повод 11-тиот роденден на близнаците Макариј и Доротеј и напиша „Вашата среќа е и моја среќа“.
Ребека Јанковска-Ристески со сопругот Милан го имаат синот Маркијан (17) и близнаците Макариј и Доротеј, кои денес (19.09) го слават својот 11-ти роденден.
По тој повод Ребека сподели фотографии од семејните албуми.
Од патувањето во Нов Зеланд кај нејзината сестра Хелена Роза, на кое се сè уште, до активности од секојдневието, Ребека сподели разни моменти. Таа вели дека близнаците, заедно со Маркијан, се причината за нејзината среќа.
Во описот на фотографиите Ребека напиша:
„Вашата среќа е и моја среќа. Слава на Бога што ве имам. Среќен Роденден“.