Миланка Рашиќ во цветно монокини ужива на плажа во Хургада: „Одмор од соништата“
- Детали
- четврток, 22 август 2024
Водителката Миланка Рашиќ е на летување во Египет, а пријателите ѝ коментираат дека е прекрасна и дека „грее како сонцето“...
Миланка Рашиќ деновиве е на летување во Египет.
За својот одмор, таа избра ресорт во Хургада, а по неколку дена поминати таму, објави фотографии на својот Фејсбук профил.
„Одмор од соништата“, напиша Миланка и додаде дека го обожава Египет.
На фотографиите може да се види хотелот во кој е сместена, моменти поминати на плажа, но и дел од колачите кои може да се најдат во рестораните, а кои, дури и преку фотките, изгледаат превкусно.
„Сонцето грее, и ти грееш“, „Убава ти, убав амбиенотот, сигурно убаво си поминуваш“, ѝ коментираат пријателите.
Погледнете повеќе фотографии од летувањето во Египет:
Dream vacation ❤️ Labranda Royal Makadi #loveEgypt
Posted by Milanka Rasic on Wednesday, August 21, 2024
А. Ј. | Црнобело