Сопругата на саксофонистот Горан Папаз бремена со тројка: „Шансите за природни тројки се 1 на 10.000“
- Детали
- петок, 16 август 2024
„Вака изгледа скрининг на три бебиња во меше. Го решив проблемот со барање музичари за бенд“, напиша Горан Папаз на Инстаграм и објави дека со сопругата Наташа ќе добијат три бебиња.
Саксофонистот Горан Папаз и неговата сопруга Наташа, ќе станат родители на три бебиња.
Горан преку својот Инстаграм откри дека очекуваат тројка и ги покажа фотографиите од ултразвукот.
„1 на 10.000 биле шансите за природна тројка... ние победивме! Вака изгледа скрининг на три бебиња во меше.
П.С. Го решив проблемот со барање музичари за бенд“, напиша Горан.
Парот се венча во 2022 година и неодамна прославија 2 години во брак.
Освен тројката што ја очекуваат, Горан го има синот Дамиан.
Инаку, познатиот саксофоност последниве години настапува сам, но пред околу 10 години свиреше во „Суперхикс“.
А. Ј. | Црнобело