Емотивен момент на свадба во Скопје: Софија Јанева се омажи во венчаницата што мајка ѝ ја носела пред 30 години
- Детали
- петок, 12 јули 2024
Инфлуенсерката Софија Јанева на свадбата носеше две венчаници - едната со впечатлив натпис на велот, а другата со сентиментално значење, бидејќи е венчаницата од нејзината мајка.
Инфлуенсерката Софија Јанева, која неодамна се омажи со својот сакан Виктор, на Инстаграм објави фотографии од свадбата и впечатливи моменти, кои го направиле нивниот ден навистина посебен.
На свадбата, која се одржа во Скопје, Софија смени два невестински фустани.
Првиот беше креација со длабок шлиц, впечатливо деколте со бисери и вел на кој беше извезена пораката „Bound by love, Fueled by Adventure“.
Но, вториот фустан што го носеше Јанева има голема сентиментална вредност и приказна поради која таа решила да го облече на свадбата.
Всушност, тоа е фустанот кој нејзината мајка го носела пред 30 години на својата свадба, кога се мажела за таткото на Софија.