7 македонски парови со иста професија кои се долги години во брак
- Детали
- недела, 14 јули 2024
Овие 7 парови од македонската естрада се пример дека партнери од иста професија може да бидат заедно долго и одлично да се согласуваат.
Пронаоѓањето сродна душа во личност со иста професија изгледа идеално, бидејќи сигурно ќе имате повеќе заеднички работи и интереси.
Но, ова понекогаш може да се проблем, особено ако работата се префрли дома, а местото кое треба да ни служи за одмор да се претвори во “канцеларија“.
Сепак, постојат многу парови на македонската естрада, кои имаат иста професија и долги години се во брак - тие се доказ дека со љубов може да се достигне и надмине сè.
Кои се тие?
Наум Петрески и Зуица Лазова
Фолк-пејачите Наум Петрески и Зуица Лазова се венчаа пред 2 години, по 16 години заеднички живот.
Парот има две деца, ќерката Македонка и синот Стефан.
Мики и Светлана Црнокрак
Љубовта кон истата професија - манекенството - ги спои Мики и Светлана Црнокрак.
Се запознале кога биле млади манекени, а оваа 2024-та година ќе прослават 27 години брак.
Тие долги години заедно го водат и модното студио „Црнокрак“.
Плод на нивната љубов се ќерките Моника и Нина.
Татјана и Новица Василевски
Повеќе од 2 децении Тања и Новица се во брак, а скоро една деценија живеат во Австралија, каде што и понатаму се занимаваат со музика.
Познатиот фолк-пар има два сина, Стефан и Петар.