Павле и Ирина Камилоски со голема прослава за првиот роденден на синот: Торта со Симба, забава во стилот на Кралот лав
Ирина сподели и фотографии од својот сопруг и синот на Инстаграм со емотивна порака.
„Со погледот ни црташ насмевка. Ти си утрото што го чекам. Ти си сонцето што ми свети и ме грее во денот.
Ноќта што ја чувам себично од другите, во ситните саати додека те гледам како спиеш. Кротко јагне мое.
Не можев да замислам какво е чувството да сакаш човечко битие кое е пола ти, пола твојата најголема љубов. И тогаш се роди ти.
Нашиот Јосиф. Мојата снага и најголема слабост. Најсреќен роденден! Те сакам,“ напиша таа.
Инаку, неколку дена пред роденденот, пејачот и алпинистката направија крштевка на синот, а крштевањето на Јосиф го прославија на Галичник.
За потсетување, парот се венча во февруари 2023, а брзо потоа се роди и нивниот прв син.
Повеќе фотографии во продолжение:
А. Ј. | Црнобело / фото: Инстаграм Стори