Фудбалерот Дарко Велковски и сопругата Тамара добија втор син: „Добредојде Видан“
- Детали
- понеделник, 17 јуни 2024
Дарко Велковски, фудбалскиот репрезентативец на Македонија, и сопругата Тамара Чуприна, вчера добија син, а неколку часа по раѓањето на бебето објавија и прва фотка.
Фудбалерот Дарко Велковски и неговата сопруга Тамара, вчера (16.06) станаа родители. Тие добија син кому му го дадоа името Видан.
Ова е втор син на двојката, која го има и постариот Ведран.
Тамара се породи во болница во Скопје и неколку часа по породувањето објави прва фотографија од бебето.
„Видан Велковски, 16.06.2024“, напиша таа, па заедно со сопругот добија бројни честитки и убави желби за Видан.
Дека очекуваат второ дете, Тамара и Дарко открија во ноември 2023, кога споделија неколку фотки од Ведран кој во раката држи слики од ултразвук и открија дека ќе добијат уште еден син.
Ведран се роди во февруари 2022. Неколку месеци по неговото раѓање, Тамара и Дарко направија голема свадба со сите адети во Македонија.
Тие претходно имаа мала венчавка и забава со најблиските поради пандемијата со коронавирусот.
Дарко, пак, неодамна прослави мал јубилеј, го одигра 50-тиот натпревар за македонската фудбалска репрезентација.