Елена Најдоски на гости кај сестра ѝ и внуките во Хрватска: „Семејството на прво место“
- Детали
- вторник, 28 мај 2024
Елена Најдоски ја испочитува семејната традиција, па и годинава замина на гости кај својата сестра и внуките во Хрватска.
Водителката и инфлуенсерка, Елена Најдоски, е на гости кај сестра ѝ и внуките во Ровињ, Хрватска. Ова е семејна традиција која ја почитуваат со години, па Елена секое лето оди да ги посети на неколку дена.
„Тетка is back“ напиша Елена на првите фотографии што ги објави откако пристигна во Ровињ.
На фотките тие се излезени на прошетка низ градот и уживаат во заедничкото друштво, а Елена се гушка и бакнува со помалата внука.
Водителката често знае да каже дека ги обожава девојчињата и дека ѝ недостигаат многу бидејќи се далеку од неа.
На една од фотките е и сестрата на Елена. Ова е една од ретките фотографии на водителката и нејзината сестра.
„Семејството на прво место“ - вели Елена.
На патувањето во Ровињ, Елена уште еднаш покажа дека има одличен моден стил, па носи парчиња кои се впечатливи и модерни, а истовремено едноставни и може да се носат и за дневна прошетка, и за вечерно излегување.