„Дали си мажена?“: Нашите јавни личности открија кое е најглупавото прашање што го добиле на прв состанок

Глупави прашања на прв љубовен состанок добиваат сите, дури и познатите. Лила Филиповска, Снеже Велков, Иван Јованов се само дел од оние кои ни открија што ги прашале нив додека биле на прв состанок.

imash-omilena-perika-nashite-javni-lichnosti-otkrija-koe-e-najglupavoto-prashanje-shto-go-dobile-na-prv-sostanok-01.jpg

Првите љубовни состаноци понекогаш знаат да бидат чудни, дури и по малку непријатни, особено ако двајцата сте срамежливи, исплашени, не знаете дали ќе имате теми за разговор и дали ќе си поминете убаво или состанокот ќе биде вистинска катастрофа.

Па во целата таа ситуација, се случува да поставите или да ви постават прашање кое е толку чудно, дури и глупаво, што нема да знаете како да одговорите.

Исклучок не се ни познатите. Затоа, направивме анкета на CRNOBELO.com и ги прашавме нашите јавни личности кое е најглупавото прашање што некој им го поставил на прв состанок.

Прочитајте ги нивните одговори:

Иван Јованов, пејач

Добро прашање, ха, ха, ха. Имаше ситуација кога после драмска тишина, девојката ме праша: „Кога нова песна?“

imash-omilena-perika-nashite-javni-lichnosti-otkrija-koe-e-najglupavoto-prashanje-shto-go-dobile-na-prv-sostanok-03.jpg

Лила Филиповска, ТВ-водителка

На состанок ме прашаа дали сум мажена во моментот.

imash-omilena-perika-nashite-javni-lichnosti-otkrija-koe-e-najglupavoto-prashanje-shto-go-dobile-na-prv-sostanok-02.jpg

Снеже Велков, ТВ-водителка

Дечко ме праша: „Очите твои се?“

Јас одговорив: „Не, на татко ми се, ама ми ги дава кога искачам“.

Тој мислел да ме праша леќи дали носам, ама во моментот беше многу глупаво.

imash-omilena-perika-nashite-javni-lichnosti-otkrija-koe-e-najglupavoto-prashanje-shto-go-dobile-na-prv-sostanok-08.jpg

Јана Бурческа, пејачка

Не беше на дејт, ама беше интересна ситуација што ја паметам и денес. Ми пријде тип во диско на времето и го гледам дека е видно заинтересиран, па затоа го информирам дека сум во 4-годишна врска.

И тој ми вели: ‘А после 4 години сок од јаболка, нели сакаш сок од портокал?’

Му честитав за инвентивноста и го земав со мене кај другарките за да им раскажам што ми кажал, па потоа го испративме да си оди.

imash-omilena-perika-nashite-javni-lichnosti-otkrija-koe-e-najglupavoto-prashanje-shto-go-dobile-na-prv-sostanok-05.jpg

Димитар Атанасовски, водител

Имаше ситуација кога на прв состанок една девојка ме праша: „Дали ти се свиѓам?“

imash-omilena-perika-nashite-javni-lichnosti-otkrija-koe-e-najglupavoto-prashanje-shto-go-dobile-na-prv-sostanok-06.jpg

Цеце Николова, ТВ-водителка

На прв состанок дечко ме праша која ми била омилена перика.

Се разбира, афро-плетенки. Обично во понеделник преферирам да ја носам таа фризура на работа, зашто викендашки имам најмногу време темелно да ѝ се посветам на немирнава коса.

imash-omilena-perika-nashite-javni-lichnosti-otkrija-koe-e-najglupavoto-prashanje-shto-go-dobile-na-prv-sostanok-04.jpg

Христијан Стојаноски, интернационален модел

Девојка ме праша: „Зошто си сингл?“

Ѝ одговорив уште поглупаво: „Затоа што ми се може“.

imash-omilena-perika-nashite-javni-lichnosti-otkrija-koe-e-najglupavoto-prashanje-shto-go-dobile-na-prv-sostanok-07.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Антониа Гиговска паднала на сцена, Марко Марк водел емисија со откопчан патент: Кога биле најзасраме... „За 1-ви април гостував во 'Сител Бамбини' и водителот ме праша во што сум маски...
Сара Мејс горда на сопругот: „Среде невреме помогна на непознат човек – на него имаше 20l вода и го ... Колкумина од вас во најголемото невреме би застанале да му помогнат на непознат ...
Струмичанецот Марјан Петров беше поканет на Модната недела во Париз: „Ме разочара Ирина Шајк“ „На Модната недела во Париз имав можност да се запознаам со светски познати моде...
Синот на Таско наполни една година: Две торти и забава со многу гости за Лукијан Точно на полноќ, познатиот музичар и неговата сопруга Наташа го изненадија синче...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg