Влатко ја запроси Матеа со црвен тепих и огромен натпис во скопски ресторан: „Мислев дека само ме носи на вечера“
Со оглед на тоа што Влатко одлично ја познава неговата сакана и знае дека таа е огромен вљубеник во накит, одлучил да ја запроси саканата со дијамантски прстен изработен во Турција по нарачка, а две недели успешно го криел од неа додека да го организира запросувањето.
„Нешто што никогаш да заборавам е тоа дека додека се движевме по црвената патека, јас во главата си ја повторував традицијата којашто останала уште од старите Римјани – дека вереничкиот прстен се носи на четвртиот прст на левата рака заради вената којашто оди до срцето и ја нарекувале 'vena amoris' (вена на љубовта).
И покрај тоа, од преголема возбуда и трема, кога Влатко клекна пред мене јас погрешив и му ја подадов десната рака“ – вели Матеа.
Погледнете го видеото од запросувањето:
Во продолжение погледнете уште неколку фотографии од Влатко и од Матеа:
Б. С. Б. | Црнобело