Влатко ја запроси Матеа со црвен тепих и огромен натпис во скопски ресторан: „Мислев дека само ме носи на вечера“

„Неколку дена пред запросувањето, Влатко ми најави дека викендот, во сабота вечер, сме поканети на некаква прослава кај негови деловни партнери. Кога пристигнавме во ресторанот бевме сами и започна да свири нашата омилена песна“ – вели за CRNOBELO.com Матеа од Скопје, на која свршеникот ѝ приреди спектакуларно запросување.

vlatko-ja-zaprosi-matea-so-crven-tepih-crveni-rozi-i-ogromen-svetlechki-natpis-omazhi-se-za-mene-01.jpg

Матеа Петровиќ од Скопје викендов доби магично запросување во ресторан во Скопје, каде саканиот Влатко ѝ приреди неверојатно изненадување.

vlatko-ja-zaprosi-matea-so-crven-tepih-crveni-rozi-i-ogromen-svetlechki-natpis-omazhi-se-za-mene-02.jpg

Таа за читателите на CRNOBELO.com сподели повеќе детали за нивната врска, но и за тоа како се одвивал самиот чин на запросувањето.

Влатко е по потекло од Делчево, но веќе 15 години живее во Скопје и е раководител на приватна фирма која се занимава со увоз и извоз.

vlatko-ja-zaprosi-matea-so-crven-tepih-crveni-rozi-i-ogromen-svetlechki-natpis-omazhi-se-za-mene-03.jpg

Матеа е менаџер по туризам и хотелски менаџмент, но од мали нозе имала голема желба да се занимава со мода и затоа набргу по дипломирањето се одлучила да го оствари својот сон и отворила бутик за ексклузивна облека за дами.

„Јас и Влатко се запознавме сосема случајно, пред една година, благодарение на наш заеднички пријател.

Тој организираше ручек надвор од градот на кој бевме присутни и ние двајцата.

Да бидам искрена, Влатко ми се допадна уште на самиот почеток, така што може да се каже дека тоа беше 'љубов на прв поглед'.

vlatko-ja-zaprosi-matea-so-crven-tepih-crveni-rozi-i-ogromen-svetlechki-natpis-omazhi-se-za-mene-04.jpg

Имавме голем број заеднички теми на разговор и така успеавме да се зближиме уште во првите часови.

Комуникацијата ја продолживме на социјалните мрежи во текот на наредните денови, за по кратко време да почнеме да се состануваме и така започна нашата врска“ – раскажува Матеа.

Таа открива дека со Влатко почнале да живеат заедно пред два месеца и веќе разговарале за темата брак, но таа самата не очекувала дека нејзиниот сакан ќе клекне на едно колено пред неа толку брзо.

vlatko-ja-zaprosi-matea-so-crven-tepih-crveni-rozi-i-ogromen-svetlechki-natpis-omazhi-se-za-mene-07.jpg

Во изјава за CRNOBELO.com, Матеа открива како се одвивал самиот чин на запросувањето.

„Неколку дена пред запросувањето ми најави дека викендот, во сабота вечер, сме поканети на некаква прослава кај негови деловни партнери.

Кога вечерта пристигнавме во ресторанот очекував многу луѓе, но наместо тоа бевме сами и започна да свири нашата омилена песна.

vlatko-ja-zaprosi-matea-so-crven-tepih-crveni-rozi-i-ogromen-svetlechki-natpis-omazhi-se-za-mene-08.jpg

Во тој момент Влатко ме замоли да излеземе во дворот за да ми покаже нешто. Кога излеговме, имаше и што да видам: црвен тепих, црвени рози, прскалки… Огромен светлечки знак 'Marry Me'.

За мене тоа беше бајка“ – вели Матеа.

vlatko-ja-zaprosi-matea-so-crven-tepih-crveni-rozi-i-ogromen-svetlechki-natpis-omazhi-se-za-mene-06.jpg

Но освен за совршениот и романтичен амбиент, Влатко се погрижил за вечерта да има и професионален фотограф, кој ќе направи фотосесија, затоа што знаел дека нејзе многу ѝ значи тие убави моменти да бидат овековечени.

„Тогаш извади прстен и ме праша дали сакам да се омажам за него, а кога одговорив: 'Да', следуваше огномет“ – раскажува Матеа.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg