Калтрина на одмор во Грција – го покажа извајаното тело во секси бикини (фото)
- Детали
- четврток, 09 мај 2024
Македонската Барби, Калтрина Круезиу, објави повеќе фотографии во бикини од својот одмор во Грција, а следбениците не штедеа комплименти за нејзиниот изглед.
Професорката по солфеж и диригирање и инфлуенсерка, Калтрина Круезиу, ја отвори сезоната на бикини во Грција и помина неколку дена на море.
Таа беше сместена во хотелски комплекс, а друштво ѝ правеа нејзиниот син и мајка ѝ.
За сето време додека беше во Грција, македонската Барби, како што ја нарекуваат многумина поради долгата руса коса и извајаното тело, објавуваше фотки во различни модели на бикини.
Дел од нив беа направени на плажа, други покрај базенот во хотелот каде што одмораше.
„Патуваме, не за да побегнеме од животот, туку за животот да не ни избега“, напиша таа на една од фотографиите што ги објави на Инстаграм.
Таа носеше бикини со цветни дезени, еднобојни, со наметка, полутанга, но сите тие го истакнуваа нејзиното тело.
Фотките на Калтрина не ги оставија рамнодушни ни нејзините следбеници на Инстаграм, па тие не штедеа комплименти.
„Преубава си“, „Секси како секогаш“, „Совршена“, „Навистина си прекрасна“, се дел од коментарите.