Емотивен статус на Ранко за Универзална сала: „Акустичните панели на таванот се како во Royal Albert Hall – затоа сите ја сакаа“
- Детали
- петок, 12 април 2024
„Скоро сите големи уметници ги забораваа недостатоците во гардеробите и тоалетите, откако ќе ја почувствуваа перфектната акустика на Универзална, а по тонска проба едвај чекаа да почне концертот за да ја почувствуваат магијата на толку фалената и омилена сала“, вели во својата објава Ранко Петровиќ.
Ранко Петровиќ, сопственикот на радио Бубамара и еден од идејните творци на манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“, ја спореди акустиката во Универзална сала со онаа во Royal Albert Hall, која е меѓу најпрестижните концертни сали во светот.
Тој објави неколку фотографии од двете концертни сали на својот Фејсбук профил, па за оние кои се прашуваа зошто во Универзална висеа неколку десетици „лустери“, тој откри дека станува збор за акустични панели, поради кои во салата звукот бил совршен.
„Дали знаете дека нашата Универзална сала имаше исти акустични панели на таванот како Royal Albert Hall, една од најпрестижните концертни сали во светот?
Скоро сите големи уметници забораваа на сите недостатоци во гардеробите и тоалетите, откако ќе се појавеа на сцената и ќе ја почувствуваа перфектната акустика и близината со публиката.
После тонска проба едвај чекаа да започне концертот и да ја почувствуваат магијата на толку фалената и омилена сала, во која нивните концерти стануваа незаборавни.
Универзална сала
Од нашиве простори има неколку уметници што настапиле во Royal Alebert Hall и на Златна Бубамара - Др. Неле Карајлиќ и маестро Симон Трпчески.
Предлгам, доколку акустичните кругови се зачувани, што побрзо да се постават во спортската сала „Борис Трајковски“ и да ја вршат својата работа до отворањето на старо новата Универзална сала“.
Royal Albert Hall
Дали знаете дека нашата Универзална сала имаше исти акустични панели на таванот, како Royal Albert Hall една од...
-->Posted by Ranko Petrovik on Friday, April 12, 2024
А. Ј. | Црнобело