Ламбе запеа наша патриотска песна среде Сиднеј: „Браво славеј македонски“
- Детали
- вторник, 09 април 2024
„Славеј Македонски“, „Браво“, „Брилијантно, едвај чекам да дојдете во Перт“, се дел од коментарите што ги доби Ламбе, откако на Инстаграм сподели видео на кое ја пее „Оган да го гори“ пред операта во Сиднеј.
Нашиот пејач Ламбе Алабаковски е на турнеја низ Австралија, заедно со Стефан и Мартин од „Некст тајм“ и Николче Мицески.
Па откако одржа концерт во Сиднеј, тој имаше време и да се прошета низ градот, а ја посети и познатата опера во Сиднеј.
И токму таму, пред зградата на операта, додека Николче Мицески свири на хармоника, а друг музичар го придружува на кавал, тој ја испеа „Оган да го гори“, песната која ја пее во проектот „Македонијо во срце те носиме“.
„Славеј Македонски“, „Браво“, „Брилијантно, едвај чекам да дојдете во Перт“, се дел од коментарите што ги доби под видеото.
Но, ова не беше единствената песна што Ламбе ја испеа за своја душа, но и за мерак на публиката.
Тој објави и видео на кое ја пее „Каде песно моја“, па доби куп пофалби од своите следбеници.
Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело