Што облекоа посетителите на третата вечер на Скопски моден фестивал 2024? (фото)

Од спортски комбинации, до елегантни тоалети и помалку ексцентрични изданија. Посетителите на третата вечер на Скопски моден фестивал не потфрлија со модата. Секој во свој стил и впечатлив на свој начин... Што носеа посетителите на третата вечер на Скопски моден фестивал 2024?

od-elegantni-toaleti-do-ekscentrichni-modni-izdanija-shto-oblekoa-posetitelite-na-tretata-vecher-na-skopski-moden-festival-2024-foto-01.jpg

Во петокот (05.04) во Diamond Mall во Скопје се одржа третата вечер на Skopje Fashion Festival 2024 (Скопски моден фестивал).

Посетителите имаа можност да уживаат во 4 извонредни модни ревии на дизајнерите: Akicas, Милан Зејак, Блерта Османи и Shift, а за музичкиот дел на програмата беа задолжени Калина Александар, Јана Јовиќ, Јана Мрческа, Тамара Грујеска и DJ Mario Trumpet.

od-elegantni-toaleti-do-ekscentrichni-modni-izdanija-shto-oblekoa-posetitelite-na-tretata-vecher-na-skopski-moden-festival-2024-foto-68.jpg

od-elegantni-toaleti-do-ekscentrichni-modni-izdanija-shto-oblekoa-posetitelite-na-tretata-vecher-na-skopski-moden-festival-2024-foto-62.jpg

Во публиката имаше повеќе познати гости меѓу кои Маја Гроздановска Панчева и нејзиниот сопруг Дарко Панчев, Мики и Светлана Црнокрак со ќерката Моника.

od-elegantni-toaleti-do-ekscentrichni-modni-izdanija-shto-oblekoa-posetitelite-na-tretata-vecher-na-skopski-moden-festival-2024-foto-64.jpg

od-elegantni-toaleti-do-ekscentrichni-modni-izdanija-shto-oblekoa-posetitelite-na-tretata-vecher-na-skopski-moden-festival-2024-foto-61.jpg

Тука беше и Лара Иванова, која беше во друштво на инфлуенсерките Ксенија Деспотоска и Илариа Кирилов. Меѓу инфлуенсерките беа и Софија Јанева и Стефани Христов.

od-elegantni-toaleti-do-ekscentrichni-modni-izdanija-shto-oblekoa-posetitelite-na-tretata-vecher-na-skopski-moden-festival-2024-foto-24.jpg

od-elegantni-toaleti-do-ekscentrichni-modni-izdanija-shto-oblekoa-posetitelite-na-tretata-vecher-na-skopski-moden-festival-2024-foto-22.jpg

od-elegantni-toaleti-do-ekscentrichni-modni-izdanija-shto-oblekoa-posetitelite-na-tretata-vecher-na-skopski-moden-festival-2024-foto-42.jpg

Посетителите оваа вечер не потфрлија кога станува збор за модните парчиња што избраа да ги носат.

od-elegantni-toaleti-do-ekscentrichni-modni-izdanija-shto-oblekoa-posetitelite-na-tretata-vecher-na-skopski-moden-festival-2024-foto-71.jpg

Секој во свој стил остави свој печат на настанот. Некој во лежерни спортски изданија, некој во елегантни и смели тоалети, а трети во малку ексцентрични модни изданија што беа совршено вклопени.

Така модната дизајнерка Стефанија Насеска Попадинец се појави во впечатлив аутфит од тантела, со зелено сако низ кое беа проткаени голем број розови панделки.

od-elegantni-toaleti-do-ekscentrichni-modni-izdanija-shto-oblekoa-posetitelite-na-tretata-vecher-na-skopski-moden-festival-2024-foto-10.jpg

Моделот Елена Ѓорговска позираше во црн фустан со длабок шлиц, а Маја Гроздановска Панчева, слично како и претходната вечер позираше во спортска комбинација, која ја надополни со високи потпетици.

od-elegantni-toaleti-do-ekscentrichni-modni-izdanija-shto-oblekoa-posetitelite-na-tretata-vecher-na-skopski-moden-festival-2024-foto-02.jpg

На следната страница погледнете што носеа посетителите на третата вечер на Скопски моден фестивал 2024...



Би можело да ве интересира:

Доминираa црни и црвени аутфити: Модата на Златна Бубамара 2024 (фото) Андријана Јаневска и Вера Мештеровиќ блеснаа во впечатливи црвени тоалети, Марја...
Каде е и што прави денес момчето што ја отпеа песната „Наташа од трето три“ – Леонид Ристев? Леонид признава дека никогаш немал намера да се занимава музика, иако во 1992-ра...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
Елена Ристеска си ја отвори душата 8 години по смртта на татко ѝ: „Секој ден, сè повеќе ми фалиш“ „Осум тешки години без тебе тато. Овој септември си ја зема и Валери, најмилото ...
Тамара Тодевска на викенд со децата во Маврово: Зимски лудории на Хана и Дарен Тамара Тодевска ужива во Маврово со своите две деца и споделува на Инстаграм как...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg