Стомачните мускули во прв план - Каролина Гочева заводлива на концерт во Тирана
- Детали
- четврток, 21 март 2024
И на концертот во престолнината на Албанија, Каролина воодушеви со изгледот - носеше долг црн фустан од македонска креаторка, со отсечоци на стомакот, покриен со тул, а под кој се гледаа нејзините обликувани стомачни мускули.
Каролина Гочева на 19 март одржа концерт во Театарот на опера и балет во Тирана, Албанија. Ова е еден од првите концерти на нашата поп-ѕвезда во регионот, откако во изминатите недели имаше серија концерти низ земјава, кои поминаа и повеќе од успешно.
Пред концертот, Каролина на Инстаграм Стори објавуваше фотки и видеа од својот бенд и од прошетката во центарот на градот.
Taa сподели и фотографија од самиот концерт, од која можеше да се види дека публиката ужива и е воодушевена, исто како и македонската публика на секој нејзин настап.
Но, Каролина повторно привлече внимание и со изгледот.
На концертот во престолнината на Албанија, таа носеше долг црн фустан од македонската креаторка Јована Филиповиќ, со отсечоци на стомакот и покриен со тул.
Изгледот го дополни со црни сандали и златни обетки.
А токму тоа ги испровоцира коментарите на нејзините фанови на Инстаграм:
„Стомачнитееее“, „Светска, а наша“, „Здив одземаш“, „Божица“ - се дел од комплиментите што ги доби пејачката.
Каролина важи за една од најзгодните пејачки кај нас, која секогаш има беспрекорен стил на сцената, но и надвор од неа.
За своите настапи соработува со стилисти и модни дизајнери, а приватно, иако се облекува покежуал, тоа е секогаш со вкус и одмерено.
А. Ј. | Црнобело