Ведрана Ѓорѓевиќ по запросувањето на Занзибар: „Цело време сум го носела вереничкиот прстен со мене без да знам“
Најинтересното во целата приказна е што прстенот не мораше да го крие. Јас го носев цело време, а поим немав дека е за мене.
Тие што ме следат на Инстаграм знаат дека соработувам со златара во Македонија и секогаш кога одам на патувања, нормално земам злато за да искомбинирам и направам фотки.
Меѓу другото, прашувам и дали имаат нешто битно во моментот за сликање за нивни потреби. И тогаш влезе Елза, сопственичката, која одлично одглуми дека не знае ништо за планот на Андрија и ми даде прстен во кутија да го сликам.
Толку се одвиваше сè природно, што не ги ‘провалив’ ни Елза ни Андрија.
Во изборот на прстенот учествувал и сопственикот Енди, па заедно со Андрија и Елза направиле одличен избор.
Инаку, Андрија ми призна дека имал огромна трема пред да ме запроси, а јас во ниеден момент не почувствував дека можеби нешто спрема.
Уште е рано за свадба, но дефинитивно нема да биде класична. Доколку правиме, ќе биде нешто што ќе одговара на нашиот животен стил“.
Погледнете повеќе фотографии од Ведрана и Андрија:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело