Светлана Црнокрак повторно во венчаница, Кристина Димитри му прослави роденден на синот: Што прават македонските ѕвезди на Инстаграм?
- Детали
- понеделник, 26 февруари 2024
Кристина Димитри, која неодамна откри дека има нов дечко, му направи роденденска прослава на синот Давид, а Антониа Гиговска ја најави промоцијата на првиот албум. Што правеа македонските ѕвезди на Инстаграм минатата недела?
Манекенката и презентерка на вести, Светлана Црнокрак, облече венчаница на Саемот за венчавки. Оваа манифестација ја водеше водителката на „Брза кујна“, Сања Савеска, која освен што објавуваше фотки и видеа од настанот, сподели и фотка со својот долгогодишен дечко.
Таско го прослави 28-иот роденден, а роденден славеше и пејачот Мартинијан Кириловски.
Десет години љубов прославија Сара Мејс и Димитар Атанасовски. Тие беа на Копаоник без децата, па преку Инстаграм им се заблагодарија на родителите што останаа дома да ги чуваат Илина и Кирил.