Враќањето на Сашко Коцев и Врчак пречекано со овации - Како си поминавме на Златна Бубамара '24?

Ја спомна и Марјана Станојковска која со своите долги нозе му го одвлекувала фокусот, па побара организаторите в година да ставаат помалку атрактивни гости во првиот ред.

Сашко му додели награда на доктор Миодраг Врчаковски за Трајни вредности, а таткото на Врчак и познат текстописец се пошегува: „Како да те слушнав дека ми даваш награда за крајни вредности“.

vrakjanjeto-na-sashko-kocev-i-vrchak-prechekano-so-ovacii-kako-si-pominavme-na-zlatna-bubamara-24-15_copy.JPG

vrakjanjeto-na-sashko-kocev-i-vrchak-prechekano-so-ovacii-kako-si-pominavme-na-zlatna-bubamara-24-28.JPG

Тој се сети на својата долгогодишна соработка и пријателство со композиторот Кире Костов кој почина во 2023, а кој напиша некои од најголемите музички хитови кај нас.

Во негова чест Тамара Тодевска ја испеа „Кога те нема (наоколу те барам)“ од Хелена Благне, а Андријана Јаневска ја пееше „Тајно моја“ од Тоше Проески.

vrakjanjeto-na-sashko-kocev-i-vrchak-prechekano-so-ovacii-kako-si-pominavme-na-zlatna-bubamara-24-29.JPG

vrakjanjeto-na-sashko-kocev-i-vrchak-prechekano-so-ovacii-kako-si-pominavme-na-zlatna-bubamara-24-04_2.JPG

„Златна Бубамара“ не може да помине без Игор Џамбазов.

Познатиот шоумен знае како да ја плени публиката, па со насмевка и во негов манир се пожали дека „откако многу се здебелил, го исфрлиле од алпинистичко друштво“.

vrakjanjeto-na-sashko-kocev-i-vrchak-prechekano-so-ovacii-kako-si-pominavme-na-zlatna-bubamara-24-20.JPG

Потоа со песна го најави Драган Мијалковски, а на доајенот на македонската музика му ја додели наградата за Животно дело.

„60 години е на музичката сцена, слави јубилеј, а наскоро ќе му правиме и концерт“, рече Игор.

Публиката го поздрави Мијалковски со стоечки овации, а тој за да ѝ се заблагодари за љубовта што му ја дава сите овие децении, ги испеа своите најголеми хитови „Кажи ми“, „223305“, „Кажи нешто драга“.

vrakjanjeto-na-sashko-kocev-i-vrchak-prechekano-so-ovacii-kako-si-pominavme-na-zlatna-bubamara-24-21.JPG

vrakjanjeto-na-sashko-kocev-i-vrchak-prechekano-so-ovacii-kako-si-pominavme-na-zlatna-bubamara-24-24.JPG

Прочитајте и: 10 eмотивни моменти од Златна Бубамара: Игор Џамбазов ја рецитираше „Т’га за југ“ за сите отселени (фото)

Кулминација на вечерта беше кога на сцената со него излезе хармоникашот Горан Алачки, па за мерак на публиката ја изведоа „Дојди Лено на перниче бело“. Во салата се играше, пееше, се креваа раце, додека на сцената Мијалковски клекна да му се поклони на Алачки за песната што му ја напиша пред многу години.

vrakjanjeto-na-sashko-kocev-i-vrchak-prechekano-so-ovacii-kako-si-pominavme-na-zlatna-bubamara-24-25.JPG

vrakjanjeto-na-sashko-kocev-i-vrchak-prechekano-so-ovacii-kako-si-pominavme-na-zlatna-bubamara-24-07_1_copy.JPG

Убавата забава продолжи и со следниот гостин, Жељко Самарџиќ, кој доби награда за трајни музички вредности.

Додека тој излегуваше на сцената, публиката во еден глас почна да го пее неговиот хит „Грлица“. Од илјадници грла одеднаш почна да ечи „Шта си то у мени нашла, моја тужна грлице“, а Жељко, кој сигурно не очекуваше ваков пречек, со рацете го покри лицето и не ги криеше емоциите кои го облеаја.

vrakjanjeto-na-sashko-kocev-i-vrchak-prechekano-so-ovacii-kako-si-pominavme-na-zlatna-bubamara-24-18.JPG

vrakjanjeto-na-sashko-kocev-i-vrchak-prechekano-so-ovacii-kako-si-pominavme-na-zlatna-bubamara-24-07_2.JPG

„Не знам како ќе пеам после Драган Мијалковски. Мора да ви кажам дека тој беше омилен пејач на моето семејство кога беше на врвот на популарноста. На сите фестивали навивав за него. За мене, Драган е најдобриот пејач на сите времиња во Македонија“, рече Жељко.

Па, кога ја запеа „Безобразно зелене“, ја вжешти атмосферата во салата, а публиката скокна на нозе и почна да игра.

vrakjanjeto-na-sashko-kocev-i-vrchak-prechekano-so-ovacii-kako-si-pominavme-na-zlatna-bubamara-24-26.JPG

vrakjanjeto-na-sashko-kocev-i-vrchak-prechekano-so-ovacii-kako-si-pominavme-na-zlatna-bubamara-24-42.JPG

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Врчак со ДНК на концерт во Охрид како во старите времиња – го пречекаа со овации, му посветија песна... Врчак беше громогласно пречекан од публиката, која по 14 години за првпат имаше ...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Елена Ристеска си ја отвори душата 8 години по смртта на татко ѝ: „Секој ден, сè повеќе ми фалиш“ „Осум тешки години без тебе тато. Овој септември си ја зема и Валери, најмилото ...
Љупка Митрова: „Моментот кога решив да ставам крај на бракот е моментот кога решив да почнам да се с... „Моментот кога решив да ставам крај со партнерот со кој сум поминала 15 години и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg