Македонците се меѓу најнеинтелигентните луѓе во Европа - Објавена ранг листата според висината на IQ
- Детали
- петок, 12 јануари 2024
Македонија е на 106-то од 197 земји во светот според IQ. Само Албанија од соседните земји е послабо рангирана од нас, но знаете ли населението на која земја од соседството има највисок IQ?
На веб-сајтот World Population Review е објавена ранг листата на земји кои имаат највисок и најнизок IQ во светот. Според оваа листа, најинтелигентни луѓе се Јапонците со IQ 106,48, а Македонија е на 106-то место во светот со 81,91.
Со овој коефициент, Македонците се во рангот на најинтелигентните во Европа.
Зад нас, од соседните земји е само Албанија со 81,75 и таа е на 107-то место. Црна Гора има 85,78, Србија 89,6, Грција има 90,77, а најинтелигентни во регионот се луѓето во Бугарија, која има 90,99.
Меѓу најинтелигентните нации во Европа се Германците, Финците, Холанѓаните и Белорусите.
На светската листа на првото место е Јапонија со 106,48, на второ место е населението на Тајван со 106,47, а трети се граѓаните на Сингапур со 105,89.
Во топ 10 земји со највисока интелигенција се и Хонгконг, Кина, Јужна Кореја, Белорусија, Финска, Лихтенштајн и Германија.
Испитувањата за коефициентот на интелигенција се прави врз основа на податоците поврзани со квалитетот на образованието и ресурсите кои им се достапни на луѓето.
На веб-сајтот користат и истражување од 2019 година, спроведено од страна на Ричард Лин и Дејвид Бекер.
Меѓу земјите со најнизок степен на интелигенција се посиромашните држави (претежно африкански земји), кои се послабо развиени во областа на образованието.
На последното, 197-мо место е Непал, со IQ 42,99.
А. Ј. | Црнобело