Маја Кикириткова имаше операција по Нова година: „Извадив слепо црево на 38 години“
- Детали
- среда, 03 јануари 2024
„Годината ми започна со хируршка интервенција. Некој да ми кажеше дека на мои 38 години ќе ми вадат слепо црево ќе му се изнасмеев. Денес сум добра, сè добро се заврши“, откри дизајнерката Маја Кикириткова.
Модната дизајнерка Маја Кикириткова ја почна годината со операција на слепото црево.
Таа преку Инстаграм откри дека вчера (2 јануари) ја оперирале, но дека веќе е добра.
„И така, мене годината ми започна со една хируршка интервенција, вадење слепо црево.
Некој да ми кажеше дека на мои 38 години ќе ми вадат слепо црево ќе му се изнасмеев, но тоа е што е.
Вчера денот таков. Денес сум добра, сè добро се заврши“, напиша таа на Инстаграм Стори.
Маја им се заблагодари на сите за поддршката и за пораките со убави зборови, и уште еднаш повтори дека е добра, но многу исцрпена по операцијата.
„Во благодарам за секоја ваша порака, убав збор и позитивна мисла. Јас сум добра, уморна и поспана, но сè заврши добро“, напиша таа, меѓу другото.
Само неколку дена пред Нова година, Маја го прослави својот 38-ми роденден и тогаш објави интересно видео со роденденската торта.
Кикириткова, освен што е креаторка, важи и за една од најпопуларните модни инфлуенсерки кај нас.
На почетокот на декември таа ја доби наградата „Моден инфлуенсер за 2023“, во организација на магазинот „Убавина и здравје“.
А. Ј. | Црнобело