Христијан ја запроси Џесика пред црквата Св. Јован – Канео во Охрид: „Тргнавме на прошетка и да запалиме свеќа“

hristijan-ja-zaprosi-djesika-pred-crkvata-sv-jovan-kaneo-vo-ohrid-trgnavme-na-proshetka-i-da-zapalime-svekja-04_copy.jpg

Но, она што таа не го знаела е дека Христијан во тој период имал полни раце работа. Нејзиниот свршеник барал совршено место за запросување. Прво сакал тоа да го направи на брод, среде Охридското Езеро, но затоа што не работеле бротчињата, се одлучил тоа да го направи на свето место.

Кога се вратиле назад во кафулето, Христијан и другарот дале предлог заедно да одат до црквата Св. Јован – Канео за да запалат свеќи.

„Тргнавме пешки кон Канео, но таму доживеав нешто неочекувано. Влеговме во црквата запаливме свеќи и потоа тргнавме да одиме за да се сликаме.

Додека одевме за да се сликаме другарка ми ми рече заврти се и кога се свртев - што да видам... Го видов мојот сакан клекнат на колена во рацете со букет од ружи и црвено кутивче со прстен. Ме праша ќе се омажам за него, а јас одеднаш почнав да плачам и кажав: 'Да'.

hristijan-ja-zaprosi-djesika-pred-crkvata-sv-jovan-kaneo-vo-ohrid-trgnavme-na-proshetka-i-da-zapalime-svekja-05.jpg

Чувството е преубаво и никогаш нема да го заборавам тој ден и тој момент одење пешки на високи потпетици до светото место црквата Св. Јован Канео“ – раскажува Џесика.

hristijan-ja-zaprosi-djesika-pred-crkvata-sv-jovan-kaneo-vo-ohrid-trgnavme-na-proshetka-i-da-zapalime-svekja-06.jpg

Инаку Христијан прво го криел прстенот во автомобилот, а потоа во џеб. Тој отишол до Плаошник, па потоа пешки до црквата Свети Јован Канео каде што ги оставил цвеќињата и му кажал на свештеникот за што се работи.

Потоа дошол до Центар за да ја земе Џесика и да заминат на прошетка.

Христијан вели дека за љубов не се важни километри. Испешачил доста тој ден, но направил сѐ за денот да биде незаборавен.

hristijan-ja-zaprosi-djesika-pred-crkvata-sv-jovan-kaneo-vo-ohrid-trgnavme-na-proshetka-i-da-zapalime-svekja-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Објава на Македонка ги подели мислењата: „Охриѓани мавате со дрва и камења по скопјани, а со скапоти... Темата за односот на охриѓани и скопјани е несицрпна инспирација за коментари го...
Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум... „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум т...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Денес е летен Свети Никола – Обичаи и верувања поврзани со овој празник Во минатото, на денешен ден рибарите не влегувале во езерата, а се верувало дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg