Снежна разгледница од Македонија: Крушево, Маврово, Берово, Водно како во зимска бајка
- Детали
- понеделник, 18 декември 2023
Иако ски-сезоната официјално не е почната насекаде низ земјава, љубителите на снегот најдоа начин да се забавуваат - некои на журки што ги организираа ски-ресортите, други пиеја греено вино или топол чај во некој од планинските хотели, трети, пак, само уживаа во прошетките на снегот.
Снегот кој паѓаше минатата недела и викендов ги измами љубителите на снег на планините и на повисоките планински места.
Тие уживаа на Маврово, Попова Шапка, Водно, Голак, но и во Крушево, кое беше побелено како во вистинска снежна бајка.
Иако ски-сезоната официјално не е почната насекаде низ земјава, љубителите на снегот најдоа начин да се забавуваат - посетија журки што ги организираа ски-ресортите, пиеја греено вино или топол чај во некој од хотелите и планинските ресторани.
Некои, пак, само се шетаа на снегот и дишеа чист воздух, восхитувајќи се на снежните пејзажи како од најубавата зимска разгледница.
Како изгледаат местата покриени со снег низ Македонија?
Маврово
https://www.instagram.com/p/C04OgFutBXO/