„Наставниците не умеат да ја решат оваа задача Вања, не знаеме како да се поздравиме“ – „Песталоци” и македонската јавност тагуваат
„В Скопско негде В некое село, кај слана тивко венеше цвете – убија дете“ – напиша моделот и Мис на Македонија, Емилија Розман.
„Тага“ – напиша Игор Џамбазов до фотографијата што масовно се споделува на социјалните мрежи, а на која на црна лента се испишани зборовите:
„Мило девојче... Секогаш ќе те паметиме како малата Вања. Нашата Вања. Вања која си замина од нашиот кошмарен сон и не успеа да почувствува ниту дел од овој привид наречен живот.
Македонија тагува по тебе. Спиј ми спокојно...“
„Сите сочувствуваме со семејствата и сите исто мислиме за сторителите. Но за жал тоа нема ништо да смени.
Мора да се воведат ригорозни казни под итно!“ – напиша актерот Драган Спасов Дац на Фејсбук.
Сите сочувствуваме со семејствата и сите исто мислиме за сторителите. Но за жал тоа нема ништо да смени. Мора да се воведат ригорозни казни под итно!
-->-->Posted by Dragan Spasov Dac on Sunday, December 3, 2023
„Вања е жртва на нашето општество. Ја пуштивме сама. Јас одамна чекам најстроги казни и за предатори и за убијци. Хумано општество да, но за убиство на дете - СМРТНА КАЗНА! Слава ти Вања и прости ни!“ - напиша Весна Петрушевска.
https://www.instagram.com/p/C0bFYK5oSW-/
„Драга Вања те молам прости ни…“ - напиша Владимир Блажев од дуото ДНК.
Фотографија со црна лента сподели и Ламбе Алабаковски.
„Страшно, какви луѓе постојат на овој свет... Почивај во мир златно девојче. Сочувство до семејството“ - напиша Стефан Лазаров.
Б. С. Б. | Црнобело