Јелена Спенџарска за патувањето во Дубаи: „Потрошив 500 евра за една недела, возењето со такси е многу евтино“
Таа откри и дека низ градот цело време се возела со такси.
„Таксито во градот е преевтино. Каде и да одевме, не нè чинеше повеќе од 10 евра, а се возевме по четворица.
Е, сега не знам да ви кажам колку е тоа во километри, но сепак беше евтино. Постои и апликација преку која може да си викнете такси или да застанете на улица и да кренете рака“, вели Спенџарска.
На своите следбеници Јелена им препорача да одат сега во Дубаи, бидејќи температурата во ова време од годината е најпријатна и тоа трае до крајот на февруари, а потоа се пеколни горештини и многу влага.
Во однос на цигарите и алкохолот, таа кажа дека пушењето е дозволено само на места кои се специјално одбележани за тоа. Во однос на алкохолот, пак, има места каде што се служи алкохол, но и места кои не нудат алкохолни пијалаци и сè зависи од локалот што го посетувате.
А, дали би се преселила таму?
„Не знам искрено, поради жештините. Но, зборувам за себе. Многу луѓе велат дека е некако вештачко и ќе се сложам дека е поразлично од сè останато.
Менталниот склоп на градот те мотивира да одиш напред, да си вреден, да успееш во своите намери.
Но, за луѓе како нас, научени на ‘комшиско’ кафе во дворче или на тераса, собиранки кога ќе ни текне, тешко дека веднаш би се адаптирале тука“, напиша таа.