Лила Филиповска: „Канцерот не знае ни кои сте, ни колку години имате, ни од каде доаѓате“
- Детали
- среда, 01 ноември 2023
„Јас сакам да го гледам светот со розови очила, така е многу поубав, така го гледав и периодот што е зад мене...“, ја започнува објавата Лила, која се потсети на тешкиот период по дијагнозата рак на дојка, но и за тоа како се избори со високо крената глава.
Вчера (31.10) на последниот ден од месец октомври, месецот на подигнување за свесноста за ракот за дојка, Лила Филиповска симболично облече розово.
Таа се потсети на борбата низ која мина по тешката дијагноза рак на дојка и од која излезе како победник со високо крената глава.
Лила е пример како треба да се справуваме со предизвиците пред кои нè поставува животот и како по нив треба уште посилно да грабиме од него, максимално користејќи го секој миг за уживање во работите кои ни причинуваат среќа.
Нејзината објава по повод розовиот октомври гласи:
„Отсекогаш розовата ми била една од омилените бои (иако ретко ја носам), а сега дефинитивно ми е најомилена.
Па, јас сакам да го гледам светот со розови очила, така е многу поубав, така го гледав и периодот што е зад мене, а сега облеков розово за да ве потсетам драги мои дами редовно да се прегледувате и да не чекате, бидејќи раната превенција значи живот!
Изберете живот и не заборавајте канцерот не знае ни кои сте, ни колку години имате, ни од каде доаѓате. Проверете се и уживајте во животот“.