Eлена Ристеска по нападот: „По 21 година кариера ова e најмалку што сум го заслужила и е обид да се извалка моето име“
- Детали
- вторник, 24 октомври 2023
„Да, точно е дека имаше обид за напад кон мене, но за истото е поднесена кривична пријава и очекувам од полицијата да го разреши случајот. Очекувам поддршка од сите вас бидејќи ова ми се случи без причина и повод“, напиша Елена Ристеска која потврди дека била нападната во ноќен клуб.
Откако вчера (23.10) во јавноста се појавија пишувања дека пејачката Елена Ристеска била натепана во ноќен клуб во Скопје, а дека ја нападнала жена со тврд предмет, Елена денес (24.10) на својот Инстаграм потврди дека немилиот настан се случил навистина.
Таa им се заблагодари и на сите кои се загрижиле за неа и кои ѝ испратиле пораки во знак на поддршка.
Нејзината објава гласи:
„Чувствувам должност и почит спрема целата јавност и новинарите да ви се обратам околу натписите каде се споменува моето име.
Да, точно е дека имаше обид за напад кон мене, но за истото е поднесена кривична пријава и очекувам од полицијата да го разреши случајот. Очекувам поддршка од сите вас бидејќи ова ми се случи без причина и повод.
Не се грижете, јас сум добра, ви благодарам на сите кои ми пишувате да изразите поддршка.
По 21 година кариера, градење име и реноме на пристојна и нескандалозна личност, ова за мене е нешто што мислам дека најмалку сум го заслужила и го гледам како обид да се извалка моето име.
И покрај сето ова, јас продолжувам да пеам за моите фанови“, пишува таа.
И по ова објава, Ристеска доби огромна поддршка од своите фанови и пријатели, кои ѝ пишуваат дека се со неа и дека правдата ќе биде задоволена.
A. J. | Црнобело