Елена Ристеска има 2 факултета, Пере дипломирал во Барселона: Какво образование имаат познатите Македонци?

„Досега не сум работела нешто поврзано со струката, но факултетите ми помогнаа многу и во работата со козметиката и со музиката. Првата фактура за парфемските шишиња ми стигна на италијански и итно мораше да се преведе на македонски јазик за во царина, па секако, јас самата ја преведов, не барав преведувач“, вели Елена Ристеска во анкета за CRNOBELO.com на тема нејзиното образование.

elena-risteska-ima-2-fakulteta-pere-diplomiral-vo-barselona-kakvo-obrazovanie-imaat-poznatite-makedonci-01.jpg

Едни ги привлекува правото, други маркетингот... Некои студирале музика, економија, јазици... Има и такви кои почнале со студии на еден факултет, па го „баталиле“ и се запишале на друг, а таму го пронашле она што ги исполнува.

Какво образование имаат познатите Македонци? И дали некогаш работеле по струката?

Во анкета за CRNOBELO.com, своите факултетски приказни ни ги раскажаа Кристина Димитри, Елена Ристеска, Пере од „Нокаут“, Ване Маркоски, Агнеса Органџиева, Александар Белов и Јоце Панов:

Кристина Димитри

Од мала бев талентирана за повеќе професии. Но, едно беше главно - да сум во центар на внимание (ха-ха).

Факултетот го студирав додека син ми беше малечок, но кога нешто сакаш, нема оправдувања дека не можеш. Мора да напредуваш, освен за себе, и за детето, да бидеш столб и пример на кој тоа ќе се угледа.

Студирав три години на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје и дипломирав на факултетот за Меѓународен маркетинг и менаџмент.

Завршив средно економско училиште, па и таму имав предмети кои подоцна ги студирав на факултетот.

А два од омилените ми беа Маркетинг и, секако, Менаџмент.

Тоа беа предмети кои со многу внимание ги слушав и во средно.

elena-risteska-ima-2-fakulteta-pere-diplomiral-vo-barselona-kakvo-obrazovanie-imaat-poznatite-makedonci-02.jpg

Никола Перевски – Пере

Факултет завршив на SAE Academy во Барселона, Шпанија.

Ова е австралиски бренд кои има факултети во 40 земји во светот и постои веќе 45 години.

Завршив на катедрата за музичка продукција и електронска музика. Тоа беше вистински избор за мене.

Студирав по забрзана програма и завршив за 2 години.

Во моментов сум запишан на магистерски студии на Интернационалниот универзитет за аудио и визуелни уметности Europa Prima во Скопје.

Таму истовремено предавам и аудио продукција по предметот Дигитално снимање и обработка на звик на студентите од прва до четврта година и со најголемо задоволство и љубов ја работам работата што ја сакам.

elena-risteska-ima-2-fakulteta-pere-diplomiral-vo-barselona-kakvo-obrazovanie-imaat-poznatite-makedonci-04.jpg

Елена Ристеска

Студирав на два факултети паралелно. Едниот беше на државниот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ и тоа на Филолошкиот факултет, на катедрата за Италијански јазик и книжевност. Таму дипломирав во 2013 година.

Другиот факултет кој го завршив е приватен факултет, „Еуроколеџ“, каде завршив Бизнис администрација и менаџмент и дипломирав во 2008.

Сакав да студирам или ликовна академија или музичка академија, меѓутоа ниту едното ниту другото не беа според моите замисли.

Ликовна академија си бара да ѝ се посветиш временски многу, а во тоа време бев на почетокот на музичката кариера и ангажирана премногу. А музичката академија кај нас немаше модерно или соул пеење - опера не сакав ни да чујам да учам.

Како и да е, никогаш не се покајав што ги студирав баш тие два факултета.

И едниот и другиот факултет многу ми помогнаа низ животот и кариерата.

Но, досега не сум работела нешто поврзано со струката, меѓутоа факултетите ми помогнаа многу во работата со козметиката и со музиката.

На пример, првата фактура за парфемските шишиња ми стигна на италијански и итно мораше да се преведе на македонски за во царина, па секако, јас самата ја преведов, не барав преведувач.

Другиот факултет ми е од голема помош во двата бизниси.

Ако би морала да работам по струка веројатно би отворила школа за јазици или маркетинг агенција. 

Секоја одлука во животот ја носиме според моменталните услови и состојба. Но, кога би живеела во друга држава веројатно би студирала музичка академија и тоа госпел или соул како жанр.

elena-risteska-ima-2-fakulteta-pere-diplomiral-vo-barselona-kakvo-obrazovanie-imaat-poznatite-makedonci-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Бев на забавата по повод 17-тиот роденден на Бекстејџ - Скопје пулсираше од убава енергија“ На Скопје му беше потребен настан од овој тип! Со црвен тепих, тематска забава, ...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Елена Ристеска си ја отвори душата 8 години по смртта на татко ѝ: „Секој ден, сè повеќе ми фалиш“ „Осум тешки години без тебе тато. Овој септември си ја зема и Валери, најмилото ...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Вирален статус на скопскиот менаџер Цајо: „Пред 50 години бракот беше лесен, а разводот тежок - дене... „Пред 50 години само една личност работела за да го издржува целото семејство. С...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg