Антониа Гиговска за мајчинството: „Тешко е првите 2 недели со бебе, имам уште само 5kg вишок“
- Детали
- понеделник, 21 август 2023
„Болницата не ја менувам за ништо. Максимално посветени од самиот старт. Ги имав најдобриот доктор и најдобрите сестри“, вели Антониа Гиговска, која одговараше на прашања за мајчинството и синот Киан.
Пејачката Антониа Гиговска, која на 14 јули стана мајка, откако пред неколку дена блесна на свадба, реши малку да се дружи и со своите следбеници на Инстаграм.
Таа одговараше на прашања за мајчинството и за кариерата.
Антониа вели дека животот на млада мајка е интересен.
„Тешко е првите 2 недели додека да се навикнеш и да си фатиш темпо“, вели пејачката.
Таа се породи во приватна клиники во Скопје, па на прашањето колку е задоволна кажа дека не би ја менувала за ништо.
„Максимално посветени од самиот старт. Ги имав најдобриот доктор и најдобрите сестри“, напиша таа.
„Дали мислиш дека ќе ти биде тешко да ја вратиш претходната „килажа“ од пред породувањето?“ – ја прашаа.
На ова Антониа одговори дека во моментов има 5kg вишок и сподели фотографија на која е насмеана и делува задоволно од својот изглед.