Почина синот на Ферус Мустафов, познатиот кларинетист Илми Мустафов, три месеци по смртта на неговиот татко
- Детали
- среда, 16 август 2023
„Настапувавме заедно на свадба во Дебар пред некој ден со „Огнени момчиња“ и со Илми, беше сè нормално, никој не се посомнева дека такво нешто може да се случи. Во еден момент видов дека плаче, но искоментиравме со колегите дека тоа е поради смртта на неговиот татко“, вели пејачката Сузана Гавазова за смртта на познатиот музичар.
Неполни три месеци (22.05) по смртта на кралот на ромската музика, Ферус Мустафов, почина и неговиот син, кларинетистот и саксофонист, Илми Мустафов.
Илми почина на 15 август 2023 по кратко боледување, а неговата смрт ги остави во неверување колегите музичари и пријателите, кои се простуваат од него на социјалните мрежи.
Меѓу оние кои се простуваат од Илми е и пејачката Сузана Гавазова.
„Илми Мустафов, синот на нашата легенда и кралот на саксофонот, Ферус, почина синоќа. Си замина толку брзо, толку ненадејно и зад себе остави опустошени срца, болка и тага.
Настапувавме заедно на свадба во Дебар пред некој ден со „Огнени момчиња“ и со Илми, беше сè нормално, никој не се посомнева дека такво нешто може да се случи.
Во еден момент видов дека плаче, но искоментиравме со колегите дека тоа е поради смртта на неговиот татко. Илми си замина прерано.
Ќе ни недостигаш многу. Почивај во мир пријателе“, напиша таа и сподели заедничка фотографија на Фејсбук.
Илми беше долгогодишен член на музичката група „Огнени момчиња“, и врвен музичар како неговиот татко.
А. Ј. | Црнобело