Дизајнерката Маја Кикириткова со фотки од плажа и моќна порака: „Имам вишок кожа околу струкот и воопшто не ми пречи“
- Детали
- среда, 09 август 2023
Модната дизајнерка Маја Кикириткова објави фотки во бикини и го покажа вишокот кожа околу струкот, па испрати силна порака до жените дека треба да си го сакаат телото.
Модната дизајнерка Маја Кикириткова месец август го користи за одмор во кампот Љубаништа во Охрид. Таму е со сопругот Александар и децата Лазар и Ева.
Откако помина неколку дена во кампот, Маја сподели фотки од плажа на својот Инстаграм, на кои е во сино бикини, седната покрај езерото.
Но, поголемо внимание привлече моќната порака што Кикириткова ја испрати до жените - дека треба да си го сакаат телото, заедно со неговите мали „несовршености“, бидејќи на фотографиите се гледа вишокот кожа околу нејзиниот струк, како што вели таа.
„Одмор во камп, мозокот пуштен ‘на пасење’, вишок кожа околу струкот, што воопшто не ми пречи и уште некој месец полни 38 години“, вели дизајнерката.
Маја, претходно најави дека ова ќе биде нивниот последен одмор ова лето, откако претходно беа во Италија, а таа на почетокот на летото беше и во Турција.
Дизајнерката преку Инстаграм стори кажа и дека сега првпат ќе оди во камп, па дека едвај чека да види какво искуство ќе биде тоа.
Прочитајте и Во дворот на Маја Кикириткова: „Имаме дебела сенка од стар орев и лулашка, а допрва ќе го уредуваме просторот од 200m2“
А. Ј. | Црнобело