20 интересни факти за Македонија: Чуваме делови од крстот на кој е распнат Исус, го имаме најстарото езеро во Европа
Македонските Куклици – чудо на природата старо над 10 милиони години
Споменикот Куклици во близина на Кратово се чудо на природата кое е раскажано во многу тажни легенди. Овој геолошки резерват меѓу народот е познат и како Весела свадба, Кукли или Пијани сватови.
Една од легендите вели дека ова овие камени градби се всушност свадбари кои се скамениле поради невозвратена љубов. Многу одамна, еден селанец решил да се жени, и иако имал две моми, тој се решил да ја земе таа од богато семејство. Тажната сиромашна девојка која го чекала да ја земе за жена, од болка кога ја дознала вистината ги проколнала свадбарите „камен да се сторат“.
Од научен аспект, камените фигури се создале пред 10 милиони години, кога сè уште немало луѓе на планетата. Вертикалната ерозија на вулканските карпи создала „кукли“ повисоки од десет метри, кои и денес доминираат во питомата околина. Со тек на времето природата од нив извајала ретки ремек-дела.
Македонија ја има четвртата најстара опсерваторија во светот
Според НАСА, мегалитската опсерваторија Кокино е четврта на списокот најстари опсерватории во светот.
Таа е сместена на врвот „Татиќев камен“, на надморска висина од 1.030 метри во атарот на кумановското село Старо Нагоричане.
Научниците претпоставуваат дека овој уникатен археолошки локалитет бил изграден пред околу 4.000 години и го сметаат за една од најстарите астрономски опсерватории во светот.
Од Кокино можат да се одредат зимската краткодневица, летната долгоденица, како и пролетната и есенската рамноденица.
Набљудувањето на движењето на небесните тела помагало да се прават календари кои служеле за организирање на земјоделските и сточарските активности – кога е време за сеење, а кога за жнеење.
https://www.instagram.com/p/CNnFte0JHPr/
Македонска книжевна школа е најстара средновековна школа
Охридската книжевна школа е најстарата средновековна школа.
Таа е формирана во 886 година од Климент Охридски, а од 893 година му се придружил и Наум Охридски.
Остатоците од оваа школа не се зачувани, но се лоцира во охридската месност Имарет. Како обележје на оваа школа е што ја зачувала кирилометодиевската глаголска традиција.
Во Охридската школа кирилицата ќе почне да се применува дури по XII век.
Во рамките на оваа школа се подготвувал образовен кадар кој бил испраќан во учителска, проповедничка и свештеничка дејност во сите делови на Западна Македонија, во денешна Албанија и во другите делови на средновековна Бугарија.
Во Македонија е формирана првата монашка република на Балканот
Лесновскиот Манастир е прва монашка република на Балканот, кој низ целото средновековие, но и подоцна бил големо православно светилиште
Во него постоело книжовно училиште – „Лесновски скрипторум“ и тоа уште од половината на XI век но и калиграфско (препишувачко) формирано во XIII век.
Се до 40-тите години од XIX век во манастирот се наоѓала и најголемата библиотека на Балканот, со огромен фонд на книги и ракописи собирани од најстарите времиња и најдалечни краеви, но и создавани тука на македонско подрачје.
Во Македонија се изработуваат митри кои ги носат православните лидери низ цел свет
Монахињите од женскиот манастир „Св. Ѓорѓија Победоносец“ во дебарското село Рајчица изработуваат митри кои се мошне квалитетни и барани од епископите низ целот свет.
Митрите се капи во облик на црква кои рачно се изработени од монахињите.
Тие се со силни бои, рачно извезени со срма и златни конци, а украсени со бисери, кристали и циркони.
Од 2003 година до денес, монахињите имаат изработено над 150 митри што ги носат великодостоинственици на православните цркви во Америка, Африка, Русија, Грција, Украина, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора и во други држави, ерусалимскиот патријарх и вселенскиот патријарх Вартоломеј.
Македонец ја преживеал несреќата на „Титаник“
Македонецот Стојко Додоловски од скопското село Чучер е еден од преживеаните од бродската несреќа на „Титаник“.
Тој во последен момент прекупил карта од еден поп и се качил на „Титаник“.
Кога бродот тонел тој се фрлил во водата и се обидел да се качи на спасувачки брод со господа кои не го пуштиле.
Плутал во водата сè додека не го нашол единствениот дел од екипажот кој се враќал по преживеани. Биле спасени вкупно 12 лица меѓу кои и Македонецот Стојко.
Македонец ја напишал химната на Палестина
Најпознатата песна за Палестина и нивна химна е всушност напишана од Македонецот Панде Манолов. Тој бил новинар и писател од Битола кој напишал песна за Палестина во далечната 1982 година и ја објави во весникот „Нова Македонија“. Денеска таа песна е химна на Арапскиот свет.
Македонија, таа е таа мала, но чудесна земја, дарува од природата со многу убавини, но и мистерии и скапоцености.
Македонија е непресушна ризница на легенди, колевка на културата, на писменоста, на училиштата!
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови и фотографии е казниво со закон.
И. Ј.| Црнобело