20 интересни факти за Македонија: Чуваме делови од крстот на кој е распнат Исус, го имаме најстарото езеро во Европа
Во Македонија се наоѓа најдлабоката пештера на Балканот
Пештерата „Врело“ лоцирана на кањонот Матка се смета за најдлабока пештера на Балканот, а втора најдлабока во Европа.
Врело е составена од две пештери (подводна и надводна) со досега откриена длабочина од 230 метри, но нејзината длабочината не е целосно откриена.
https://www.instagram.com/p/CsWskfYMPpM/
Во Македонија е родена Мајка Тереза
Мајка Тереза е роден како Гонџа Агнес Бојаџиу е родена на 26 август 1910 година.
Нејзиниот дом, кој денес е споменик и музеј се наоѓа на тогашната улица „Поп Кочина“ број 14, сегашниот плоштад Македонија во Скопје.
Таа била најмалото дете во семејството.
Македонија е држава со највеќе планини во светот
На територијата на Македонија има повеќе планини и планински врвови од која било друга земја во светот.
Изброени се околу 34 планински врвови, а многу од нив не се видливи со човечкото око.
Во Македонија се наоѓа единственото наоѓалиште на рубини во Европа
Македонскиот рубин е познат низ светот.
Рубини во Македонија може да се најдат во лежиштата на доломитските мермери како што е прилепскиот Сивец.
Македонскиот Рубин веќе се наоѓа во колекцијата со накит на холивудските глумици Дерил Хана и Кетрин Денев, вграден е во крстот на Папата Бенедикт XVI и на Папата Франциск.
Го има и Емирот од Катар, но и уште многу престижни имиња од културниот и општествениот живот.
Во Македонија се наоѓа рудник „Алшар“ кој е единственото наоѓалиште на светот на талиум
Македонскиот рудник Алшар кој се наоѓа на планината Кожуф, во близина на македонско – грчката граница и селото Мајден, е редок споменик на природата кој опфаќа површина околу 120 хектари.
Овој рудник е познат во светски рамки, затоа што е единственото наоѓалиште на талиум во светот и е потенцијален „рудник“ на еколошки чиста енергија.
Од 2004 год., рудникот е евидентиран како споменик на природата и дел од мрежата на „Емералд“ – мрежата за заштита на природните реткости.
Македонија го има најквалитетниот опиум на светот
Благодарение на агро-биолошките предности на македонското тло, афионот добро цвета и е прогласен за најдобар во светот.
Македонија го има најквалитетниот опиум на светот со 14 морфиски единици.
Вториот (по македонскиот) е пакистанскиот со 7 морфиски единици, а следуваат со помали разлики останатите – колумбискиот за пример е околу 3,5 морфиски единици.