Првата дама Елизабета Ѓоргиевска направи моден погодок со префинет стајлинг на отворањето на „Охридско лето“ (фото)
- Детали
- четврток, 13 јули 2023
Во црн фустан со ремен и везени детали, првата дама Елизабета Ѓоргиевска блесна на отворањето на „Охридско лето“.
Вчеравечер (12.06) во Охрид беше отворено 63-тото издание на културната манифестација Охридско лето, што секоја година традиционално се одржува под покровителство на претседателот на државата.
Годинава, престижниот културен настан беше отворен со настапот на романскиот сопран Анџела Георгиу, заедно со оркестарот на Националната опера и балет, под диригентската палка на Чипријан Теодорашку.
На отворањето на настанот свое обраќање имаше и претседателот Стево Пендаровски, кој се појави заедно со својата сопруга Елизабета Ѓоргиевска.
Првата дама, на настанот блесна во елегантно издание во црн фустан со ремен и везени детали, надополнети со елегантна фризура.
Првата дама повторно направи моден погодок.
Погледнете повеќе фотографии од нивното појавување:
Прочитајте и Свилената марама ѝ е заштитен знак - совршениот стил на Елизабета Ѓоргиевска, првата дама на Македонија
Б. С. Б. | Црнобело