Дечиња во Гевгелија продаваат крофни за да го спасат животот на Луна (14) - по примерот на малата Нина од Нови Сад

Состојбата на Луна Поп Костова (14) од Гевгелија е животозагрозувачка, таа мора под итно да оди на операција во Турција, а повеќе мали дечиња од Гевгелија, по примерот на Нина Јанковиќ од Нови Сад, се собраа и продаваат крофни и лимонада на плоштадот во Гевгелија со цел да ѝ помогнат на нивната сограѓанка. „Родители гордејте се на вашите ангелчиња“ – порача мајката на Луна.

dechinja-vo-gevgelija-prodavaat-krofni-i-limonada-za-da-go-spasat-zhivotot-na-sogragjankata-luna-14-koja-mora-na-itna-operacija-01.jpg

По приказната за малата Нина Нинковиќ од Нови Сад, која стана вистинска мала хероина откако продаваше крофни за да собере пари за лекување на нејзиниот татко во Москва и во Македонија се случува слична хуманитарна акција, во која повеќе дечиња од Гевгелија се собраа да продаваат крофни и лимонада на плоштадот „Фонтана“ со цел да соберат средства за лекување на нивната сограѓанка Луна Поп – Костова.

Луна Поп Костова (14) од Гевгелија, поради асфикција на мозокот при раѓањето се здобила со дијагноза „спастична парализа - квадриплегија“ и веќе една година храбро се бори со сколиоза во последен стадиум и ѝ е потребна операција во Турција.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=4306460162913451&set=pb.100006485298232.-2207520000.&type=3

Покрај тоа што се отворени повеќе сметки на коишто може да се донираат средства за да им се помогне на родителите да го спасат животот на нивната ќерка, голем број дечиња од Гевгелија по примерот на малата Нина од Нови Сад, одлучија да дадат свој придонес и да помогнат.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=4308897429336391&set=pb.100006485298232.-2207520000.&type=3

На плоштадот „Фонтана“ во Гевгелија, Мaрија Митрова (11) и нејзините другарки и други дечиња се собрани и продаваат крофни и лимонада со цел да се соберат средствата неопходни за лекување на Луна.

„Крофни и лимонада за Луна“ – во едно од видеата може да се слушне како дечињата ги викаат присутните во паркот да го посетат слаткиот штанд и да купат од нивните производи и на тој начин да донираат за нивната сограѓанка која мора итно да биде оперирана во август.

СЛАТКИОТ ХУМАНИТАРЕН ШТАНД ЗА ЛУНА - Од децата на Гевгелија И вечерва на градскиот плоштад „Фонтана“ во Гевгелија се продаваа крофни и лимонада, подготвени од децата од Гевгелија. Запознајте ги малите хуманитарци кои од срце собираат средства за 14 годишната Луна Поп-Костова од Гевгелија која треба итно да се оперира во странство. Апел до сите гевгеличани и сите граѓани да се вклучат во хуманитарната акција со своја донација за помош на малата Луна, бидејки состојбата и е живото загрозувачка, а операцијата треба да биде изведена во август. Телефони за донации: А1 143-478 Т-мобиле 143-103 Go Fund Me: https://gofund.me/45bc4a15

Posted by GevgelijaNet.com on Sunday, July 9, 2023

Освен нив, во хуманитарната акција за Луна се вклучи и Силвија, девојче кое продаваше колачи во продавница за здрава храна во Гевгелија, а малиот Петар подготви слатки кои ги продаваше на штандот.

„Хуманоста ја отсликува големината на еден човек. Таа е најчовечната особина, доблест за секој поединец. Таа е дел од принципите на еден граѓанин. Дел од животната етика. Чувството да спасиш човечки живот е непроценливо.

Да се помага, да се прават добри дела во секој потребен момент, да се биде хуман, за спасен живот нема цена.

Овие дечиња: Силвија, Марија и Петар хуманоста не ја учеле од книга едноставно ја поседуваат во својот дух од мали нозе.

Родители гордејте се на вашите ангелчиња. Среќна сум што ги запознав и ме направија среќна во овие мои тешки денови поминати во солзи. Бескрајно сум ви благодарна од срце“ – напиша на својот Фејсбук профил мајката на Луна.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=4308438802715587&set=pb.100006485298232.-2207520000.&type=3

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Игор Џамбазов со семејни фотки од 1970-тите, Дарко Илиевски чека второ дете: Што прават македонските... Васил Зафирчев ја најави новата сезона на „Преспав“, тенисерот Калин Ивановски в...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg