Највкусниот сладолед во Тунис го прават Македонци: „Веќе 20 години секое лето доаѓаме да работиме, а во зима се враќаме дома“
Инаку, Шабан открива дека идејата да започне свој бизнис ја добил од брат му кој студирал во Тунис, па му предложил да дојде таму и да им го понуди својот сладолед на големиот број туристи кои што доаѓаат.
Во слаткарницата Sweet Macedonia гостите може да се разладат со вкусниот сладолед, подготвен по традиционален рецепт или да нарачаат природен сок, а освен што доаѓаат гости туристи од Балканот и Македонија, има голем број посетители од локалното население, но и туристи од другите земји.
„Македонците и Балканците што доаѓаат најчесто бараат сладолед со вкус на лешник, ванила и чоколада, додека Тунижаните и другите сакаат малку поинакви вкусови, како лимон, фстак и карамела“ – открива тој.
Погледнете уште неколку фотографии од слаткарницата во продолжение:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Б. С. Б. | Црнобело