Наш фризер топи срца: Потстрижува 1-месечно бебенце, додека тоа спие, а тој го лула и гали (видео)
- Детали
- понеделник, 03 јули 2023
Кога имаш срце полно љубов кон децата, трпение и магични раце, тогаш резултатот е неверојатен. Браво за Адо Мурис Хамзиќ и неговиот пристап кон работата, ни требаат повеќе вакви професионалци.
Адо Мурис Хамзиќ од HairDo салонот во Скопје e човек кој има навистина магични раце, сите клиенти го обожаваат, а најмногу најмалите.
Тој со својот однос кон нив воодушевува во многу пригоди. Така беше кога потстрижуваше детенце на паркинг за да не плаче, а така е и сега кога го потстрижува едномесечното бебенце Марко додека спие.
Адо го лула и гали Марко за да не се разбуди, вознемири и почне да плаче.
Видеата од овој потег на талентираниот фризер се најубавото нешто што ќе го видите периодов:
С. С. | Црнобело