„Весело прваче бев до скоро“ - Ева Нединковска ѝ посвети песна на ќерката која заврши прво одделение
- Детали
- петок, 30 јуни 2023
„Весело прваче бев до скоро, се радувам што ме чека второ. Вредна бев и умна, еве и доказ, учителките драги ми беа патоказ...“, гласи дел од песничката на Ева Нединковска, која ѝ ја посвети на својата ќеркичка Ена по завршувањето на првото одделение и земањето на свидетелството.
Ќерката на Ева Нединковска, малата 6-годишна Ена, која во ноември ќе полни 7 години, заврши прво одделение и сега го зема свидетелството, а Ева како и секогаш и овој убав настан го одбележа со неколку стихови напишани од срце.
Таа минатата година ѝ посвети песничка на Ена и кога стана прваче, во која порача: „Врски да ти фаќам, скраја...“, а сега во новата песничка, по завршувањето на првото одделение, напиша:
„Весело прваче бев до скоро,
се радувам што ме чека второ.
Вредна бев и умна, еве и доказ,
учителките драги ми беа патоказ.
Ќе ми фалат дружби со цел клас,
а летен распуст и море ми се спас.
Ќе читам лектири, чесен збор давам,
„Зоки Поки“ прва во куфер ја ставам“.
Весело прваче бев до скоро, се радувам што ме чека второ. Вредна бев и умна, еве и доказ, учителките драги ми беа...
-->Posted by Eva Nedinkovska on Thursday, June 29, 2023
Прочитајте и „Е, баш ваква те цртав и замислував“ - Ева Нединковска ѝ го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката (фото)
С. С. | Црнобело