„Со сопругот се впуштивме во мисија - купување стан во Скопје, но со какви предизвици се соочивме?“
- Детали
- вторник, 04 јули 2023
„Со сопругот кратко по свадбата почнавме да бараме готов стан во Скопје, цел живот овој град ни е дом и сакавме така и да остане, но на сите им пронајдовме маани. И на крај падна одлука, купуваме во градба, таков каков што си посакуваме, со распоред и во населба која ни се допаѓа. Згора на сè, одлучивме да купиме стан сами со станбен кредит, кој ќе го отплаќаме со макотрпна долгогодишна работа, па внимателни сме уште повеќе...“
Потрагата по стан во Скопје воопшто не беше лесна мисија.
Мора да признаам дека со сопругот сме навистина пребирливи кога купуваме нешто за (најверојатно) до крајот на животот или најмалку во наредните деценија, две, тогаш не купуваме како чевли од прва.
Разбирливо, зарем не? Особено затоа што целата нашата заштеда ја вложуваме токму во тоа како учество (да, да и подароците од свадба се тука – верувам многу од вас климате со глава) и затоа што земаме станбен кредит, речиси за до пензија.
Иако, ако работите се движат во посакуваната насока верувам отплатата ќе оди и многу побрзо.
Па, така, тргнавме со идејата да купиме готов стан во нова зграда, но брзо влеговме во една слепа уличка, па втора, па трета...
Да, пронаоѓавме опции, не дека не. Јас кога ќе почнам детално пребарување – не може да заврши неуспешно, но сепак имаа маани.
Еден беше на последниот кат, со лоша изолација, друг имаше греда среде дневна соба, која визуелно го намалуваше просторот, трет беше во ред, но во населба која не ни се допаѓа итн. Листата е долга, ако сте барале стан, тогаш веќе знаете дека не е така едноставно како што мислите на почетокот.
И, се разбира, не значи дека и вие ги имате овие критериуми, но можеби си имате нешто свое задолжително – како прозорче во кујна или остава, не знам, сами си знаете најдобро. Но, разбирате за каква мака говорам, така?
И на крај падна одлука, купуваме во градба, таков каков што си посакуваме, со распоред и во населба која ни се допаѓа, со поглед на зеленило и далеку од градската врева.
И, еве денес, пред нас е нашиот сон, нашиот квадрат среќа, нешто што го нарекуваме лично наше, нешто за кое само еден на друг си велиме „Благодарам“ и сме горди.
За многумина не е кој знае што, за нас е целиот свет. И само тој што го изодел овој пат знае за што зборувам.
И вљубени сме во секое ќоше од него, во секој детаљ од уредувањето, во начинот на кој се гледа зајдисонцето на нашата тераса, во секоја успешно реализирана идеја од Пинтерест, во сите тие пати кога си поминувавме покрај зградата во градба и си мечтаевме како и што ќе направиме, па дури и во сите главоболки со мајсторите и на моменти исцрпувачката координација со нив.
И среќни сме, затоа што сами си го реализиравме својот сон.
Добро, сами и Халк Банка мора да признаам.
Ни понудија поволен станбен кредит, за кој ни направија детални пресметки за да биде сосема соодветно да го исплаќаме без проблем со проценка на нашите примања, тогаш нашиот сон немаше да се оствари.
Овој стан ни е среќа на квадрат затоа што по неговото купување и низа други работи си доаѓаат на свое место, а секое ново пречекорување на прагот во нашето ново „дома“ ни го топли срцето.
Конечно живееме комплетно по свое.
Како успеавме во тоа, покрај со сопственото вложување?
Веќе споменав, со станбениот кредит кој го земавме од Халк Банка, која ни беше најдобрата можна опција.
Што нуди Халк Банка сега?
Сега, нивната понуда е станбен кредит со животно осигурување е со фиксна каматна стапка од 3.5% за првите 5 години, или 3,85% фиксна каматна стапка за првите 10 години, за кој имате опција да биде до 30 години. Ние се одлучивме за рок на исплата 25 години.
Провизијата за обработка на кредитот е 0% од износот на кредитот.
Учество ќе ви биде потребно минимум 10%, односно 15% учество, во зависност од типот на полисата за животно осигурување.
Сите детали околу станбениот кредит на Халк Банка прочитајте ги ТУКА за и вашиот сон за свој дом да стане јаве, дури и во моментот да ги немате потребните средства за купување на стан.
фото: depositphotos.com