Миа Костова со емотивна објава за татко ѝ - Како македонските и светските ѕвезди го прославија Денот на татковците?
- Детали
- понеделник, 19 јуни 2023
Миа Костова, Павле Камилоски, Мартина Михајловска... по теркот на светските ѕвезди и неколку македонски јавни личности со емотивни фотки и пораки на своите татковци им го честитаа Денот на татковците. Тие им посветија емотивни зборови.
Денот на татковците (18.06) иако не се празнува во Македонија, како минуваат годините, зема сè поголем замав.
Па, по теркот на светските ѕвезди, и неколку наши познати личности им го честитаа празникот на своите татковци со емотивни фотки и пораки.
Миа Костова
„Тонка, те сака првата ѕвезда“, напиша инфлуенсерката и поранешна водителка на фотката со својот татко што ја објави на Инстаграм.
фото: Инстаграм Стори принтскрин
Мартина Михајловска
Фотографија со татка си објави и манекенката и поранешна водителка на „Бекстејџ“, Мартина Михајловска.
„Среќен ден на татковците“, напиша таа.
фото: Инстаграм Стори
Оливера Ѓоргоска
Пејачката Оливера Ѓоргоска, која веќе неколку години живее и работи во Лас Вегас, објави серија фотографии со својот татко за да му го честита празникот.
„Благословена сум што имам толку прекрасен татко и константна машка фигура во животов, што е толку многу важно“, напиша Оливера.
Павле Камилоски
Фотка со својот татко објави и Павле Камилоски. Пејачот му го честита празникот на денот кога се породи неговата сопруга, планинарката Ирина Дишовска, па и тој самиот стана татко.