Миа Костова со емотивна објава за татко ѝ - Како македонските и светските ѕвезди го прославија Денот на татковците?
Денот на татковците е еден од омилените празници на светските ѕвезди. Скоро и да нема некоја од познатите личности што не објавува фотка со својот татко или од сопругот со децата, па преку лични приказни и интересни пораки раскажува што ги прави толку посебни татковци.
Дејвид Бекам
Дејвид Бекам е „шампион“ во јавни честитки за Денот на таткото. Некогашниот фудбалер, објави серија фотографии со своите деца и раскажа зошто е прекрасно да си татко, но сподели и фотографија со својот татко и му се заблагодари што секогаш му е голема поддршка.
„Мојот најголем успех и најголема љубов е моето семејство. Викторија, благодарам што ме направи татко (деца, знам, извинете), ама тато ве сака повеќе од што можете да замислите“, напиша Дејвид и објави 10 семејни фотки со Викторија и четирите деца.
Џон Траволта
„Среќен празник на сите посветени татковци“, напиша Џон Траволта на фотката на која е со своите деца.
Џенифер Лопез
Џенифер Лопез објави секси фотка од сопругот Бен Афлек за да го одбележи Денот на татковците.
„Објава посветена на сите татковци. Среќен ден тато“, напиша на Инстаграм пејачката и актерка.
Мадона
Мадона објави фотографија од својот татко, 92-годишниот Силвио, па му заблагодари што ја научил да биде борец.
„Вечно ќе ти бидам благодарна за тоа“, стои во пораката на поп-кралицата.
фото: Инстаграм
А. J. | Црнобело